Мајката на монструмот од Србија остана на улица
Објавено во: Балкан 08 Август, 2014 17:44
Макивија Ѓуриќ, мајката на Драган Ѓуриќ, кој призна дека ја убил Тијана Јуриќ, добила налог за иселување од куќата во која живее, дознава српски дневен весник Блиц.
Сопственикот на куќата од госпоѓата Ѓуриќ барал да ја напушти куќата што побргу. На прашањето што ќе прави сега, Макивија Ѓуриќ кратко одговорила: „На улица, а тука е и Сава...“ .
Макивија (56) одбива да поверува дека нејзиниот син бил во состојба да направи ваков чин, бидејќи отсекогаш бил мирен и повлечен, но вели дека треба да ги сноси последиците ако навистина ја убил Тијана.
„Јас сум му мајка, но нека одлежи. Се што имав вложив во него, не знам што му се случи. Заедно се вративме од Зрењанин каде тој претходно отиде на одмор кај сестра му, а што правел во Бајмок не знам. Последните неколку дена беше тивок за разлика од порано, но кога го запрашав што му е одговараше „ништо мамо“, раскажува низ солзи мајката на осомничениот Драган Ѓуриќ.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




