08 Јули, 2024
0.0265

МАЈКАТА НА СКОПЈЕ СЕ ПОЖАЛИ: Иако „градот на ништо не личел“, Ковачевски не ја повикал во Влада да и понуди помош

Објавено во: Македонија 05 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Досега нема покана од Владата за средба на која би се разговарало за помош од централната власт за главниот град, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во вечерашното гостување на Канал 5, коментирајќи ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе ја повика неа и нејзините соработници на состанок во Владата затоа што „градот на ништо не личел“. 

- Некако можеби и комично делува некој од тој аспект се обидува да каже дека нешто не е функционално, а да има директен придонес во неговата нефункционалност. Единствено што можам да кажам е нека си апелира до сопствените советници да бидат конструктивни, да работат во интерес на граѓаните, да гласаат за паушалите што ги зимаат секој месец, за проектите коишто треба да се реализираат од интерес на граѓаните, за да може градот да биде такво место за живеење како што тој очекува, рече Арсовска.

Според неа, најавената покана е спорна од два аспекта.

- Првиот аспект е дека можеби доколку му се чини на премиерот дека градот на ништо не личи и најголем придонес имаат неговите советници во Градот, коишто се официјално и коалиција со ДПМНЕ, со што не гласаат за проектите да се реализираат коишто се во интерес на граѓаните. И доколку навистина тој би сакал да му помогне на Градот, можеби една од најдобрите решенија е да ги охрабри своите советници, кои ги има навистина во голем број во Град Скопје, да ги гласаат овие проекти што граѓаните ги бараа, меѓутоа исто така овие проекти се и од програмата којашто е избрана од нашите граѓани на последните локални избори, рече Арсовска.

Вториот аспект, наведе Арсовска, е „како некој што не може да си помогне себеси  би можел да помогне на Градот Скопје“, додавајќи дека ниту еден капитален проект во државата не е реализиран, посочувајќи ги како примери автопатот Кичево-Охрид и клиничкиот центар за коишто нагласи дека не се реализирани со години. 

Можеби ќе ве интересира

АНГЕЛОВ ЈА ПРОСЛАВИ ГОДИШНИНАТА СО НЕГОВАТА СОПРУГА ПЛАНИНАРЕЈЌИ НА ШАР ПЛАНИНА: „Дваесет години заедно, дваесет години љубов, почит и страст“

АНГЕЛОВ ЈА ПРОСЛАВИ ГОДИШНИНАТА СО НЕГОВАТА СОПРУГА ПЛАНИНАРЕЈЌИ НА ШАР ПЛАНИНА: „Дваесет години заедно, дваесет години љубов, почит и страст“

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција