09 Декември, 2024
0.0278

МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ НЕ ТРЕБА ДА НИ ЗАДАВААТ „ГОЛЕМА ГЛАВОБОЛКА“: Епидемиологот Стојанов за разликите меѓу неколку вируси

Објавено во: Македонија 12 Август, 2022

Добивај вести на Viber

По двата суспектни случаи на мајмунски сипаници во Македонија во последниве неколку дена се крена паника во јавноста во однос на ширење на нова зараза, но здравствените власти уверуваат дека едноставно нема место за паника и дека не се очекува сериозно ширење на мајмунските сипаници. Освен тоа, тестот на еден од суспектните случаи, односно на младиот мигрант од Сирија кој вчера беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести е негативен на ова вирусно заболување. Што се однесува пак до првиот случај, суспектниот пациент од Кичево, досега воопшто не дозволил да му се направи тестирање за евентуална инфекција со мајмунски сипаници, но сепак здравствените власти очекуваат неговата свест да проработи и да им овозможи да се направат потребните анализи.

Според епидемиолозите, овој случај, и воопшто мајмунските сипаници не треба да претставува „голема главоболка“ за граѓаните во земјава, бидејќи, заболувањето, односно начинот на ширење, евентуалните компликации, се далеку понеопасни од корона вирусот.

-Конго типот на мајмунските сипаници е поопасен и тој е присутен во Африка и таму има потврдени неколку смртни случаи. Но, информациите не треба да се земаат здраво за готово, односно починал од мајмунски сипаници. Генерално тоа се пациенти кои имаат навистина многу други тешки здравствени состојби, и вирусното заболување всушност е последната „капка во морето“. Не е ова ниту колера, ниту ебола, ниту пак ковид. Затоа сметам дека навистина луѓево не треба да создаваат толкава паника и да живеат во страв од мајмунските сипаници, посочува епидемиологот, д-р Александар Стојанов.

За него, многупосериозна е ситуацијата со корона вирусот во Македонија. Вели дека високата смртност од компликациите на ковид треба да не загрижува, како и тешките последици кои ги остава болеста на пациентите кои се изборија со болеста.

-Не ми се допаѓа поистоветувањето на ковидот со грипот, иако тоа се вируси од иста фамилија. Но, се знае кога го имаме грипот. Тој е присутен сезонски, некаде од ноември до февруари, почеток на март и толку. Ковидот нема ред едноставно. Постојано е присутен, ќе направи мало затишје и потоа повторно зема сила. Инаку и од грип се умира, но не толку многу. Од ковидот смртноста е многу поголема. Еве на пример во Грција, минатата недела за една недела пријавија околу 300 смртни случаи, тоа е навистина многу. Кај нас вчера 10, тоа е многу. Србија секој ден пријавува десеттина смртни случаи, Хрватска исто. Не може да се вели нема проблем, имаме и тоа каков голем проблем. Освен тоа ковидот остави навистина тешки последици кај оние кои прележаа. Реинфекциите кај дел од нив дополнително го оштетуваат организмот. Треба многу да се внимава. Не треба дури и оние кои леснои го поминале веднаш да се враќаат на активни спортски денови. Организмот треба да измирува барем два-три месеци по болеста. Ова е тоа што треба да не загрижува многу повеќе од мајмунските сипаници, посочува д-р Стојанов.

Оценува дека ова е пикот на седмиот бран на корона вирусот, и дека ваквиот тренд ќе продолжи и од септември кога учениците ќе ја почнат новата учебна година. Потребна е навистина поголема внимателност, вели тој, посочувајќи дека секаде каде што има голем број на луѓе, вирусот брзо се шири.

-На омикрон варијантата не и е важно дали некој претходно прележал или пак се вакцинирал најмалку два пати. Заразува во огромен процент. Затоа, потребно е ако ништо друго, маската да се извади од џеб, од ташна и да си ја стави секој на места каде што има големо присуство на луѓе. За пренос на мајмунските сипаници е неопходен многу близок, однсно да нагламсам еве уште еднаш, заразноста е ниска во апсолутна смисла, односно не станува збор за особено заразна болест.

Инаку, во скоро сите земји во регионот веќе се потврдени случаи на мајмунски сипаници, но не во голем број. Во Грција има 41 случај, Словенија – 40, Србија – 23, Хрватска 12, Бугарија – 4, Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат по еден случај, додека во Албанија нема регистрирани случаи на мајмунски сипаници.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство