МАКЕДОНЦИ БИЛЕ СУДИИ НА МЕЧОТ: Крвав инцидент во Косово, се пееле песни на ОВК
Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2021 11:58
Спортистите од Република Српска доживеале големи непријатности на натпреварот на Косово и Метохија кој се одржа вчера под покровителство на ЕХФ
Ракометарите на Борац од Бања Лука биле каменувани од албански хулигани во Пеќ.
Имено спортистите од Република Српска заминале на Косово и Метохија на реваншот од второто коло во Еврокупот на ЕХФ и доживеле страшни непријатности.
Велат дека се што се случувало пред и за време на натпреварот против Беса на трибините во никој случај не може да се подведе под спорт.
- Не би било фер да се каже дека домаќините не се потрудија да ни обезбедат обезбедување, но тоа не беше воопшто пријатно. Веднаш штом стигнавме, ни рекоа да не го напуштаме хотелот и се ескалира пред натпреварот. Ни рекоа дека би било добро да патуваме со автобусот што ни го обезбедија, а кога стигнавме пред холот, удираа во прозорецот каде што седеше Александар Милиќевиќ - изјавија од Борац.
Жителите на Бања Лука додаваат дека од трибините се слушале песни во кои се величи терористичката ОВК и се навредуваат Србите, а повеќе од 80 отсто од гледачите носеле маици на кои е исцртано знамето на „Голема Албанија“.
- Еден од играчите ја пцуеше мајката на нашите играчи... Едноставно, атмосферата беше повеќе од непријателска, па среќни сме што дојдовме дома без повреди, освен Лукиќ и Кнежевиќ, кои сепак заработија повреди на теренот и брзо ќе закрепнат - беше соопштено од Борац.
Бањалучани истакнуваат дека е неверојатно што ЕХФ избрал судиски тандем од Северна Македонија да го води натпреварот, а еден судија по националност бил Албанец. Токму тие им дозволија на домашните ракометари да играат грубо, често надвор од границите на спортот и фер-плејот, па не чуди што Борац конечно клекна 22:29 и отпадна од понатамошната конкуренција.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




