20 Јуни, 2024
0.0262

МАКЕДОНЦИТЕ ЈА ЗНААТ ОД „СУЛЕЈМАН ВЕЛИЧЕНСТВЕНИОТ“, ЏАНСУ ДЕРЕ ИСЧЕЗНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Стравуваат дека е една од илјадниците жртви

Објавено во: Стил 14 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Популарната турска актерка Џансу Дере исчезна по силниот земјотрес што ја погоди Турција.

Според турските медиуми Џансу Дере наводно е под урнатините бидејќи со денови нема ни трага ни глас од неа, а пошироката јавност и тамошните медиуми дополнително ја загрижи тоа што дури ни семејството на популарната актерка се уште не зборува за наводите за нејзиното исчезнување.

Џансу Дере стана позната откако одигра голем број значајни улоги во популарните продукции. Актерката ја освои публиката ширум светот со главни улоги во бројни серии кои стекнаа светска популарност, а се емитуваа и кај нас.

Родена е на 14 октомври 1980 година во Анкара. Нејзината мајка е по потекло од Грција, додека нејзиниот татко е од Бугарија. Од моментот кога првпат се појави во јавноста, таа ги воодушеви сите со својот природен изглед, а важи за една од најубавите турски актерки.

Покрај тоа, поради големиот успех во сериите и филмовите, таа стана и една од најплатените актерки од Турција. Поради својата убавина ја освои титулата Мис на Турција во 2000 година, успешно ги завршила и студиите на Археолошкиот факултет во Истанбул.

По дипломирањето, таа се посвети на актерството, и почна да ја гради својата актерска кариера, која се покажа како вистински избор за неа бидејќи и донесе слава и популарност.



Таа првпат го толкуваше главниот лик во серијата „Сила“, која се емитуваше од 2006 до 2008 година, заедно со Мехмет Акиф Алакурт.

Веројатно најзначајниот момент во нејзината кариера беше можноста да ја игра улогата на Ејшан Атај во серијата „Езел“ во периодот од 2009 до 2011 година, кога серијата беше премиерно прикажана. Таа во продукцијата на режисерот Улуч Бајрактар ​​ја играше големата љубов на главниот лик кој го толкуваше Кенан Имирзалиоглу.

Кариерата ја продолжи играјќи ја Фирузе во „Сулејман Величествениот“ и „Садакациз“. 


Можеби ќе ве интересира

Ресторанот кај што правевме свадба не постои, ама ние си тераме: Андријана Јаневска и Гино прославија 14 години во брак

Ресторанот кај што правевме свадба не постои, ама ние си тераме: Андријана Јаневска и Гино прославија 14 години во брак