31 Март, 2025
0.0286

МАКЕДОНЦИТЕ НАВАЛИЈА НА ГИРО: Гужви на граничните премини, кон Бугарија празно, еве ги деталите (ОБНОВЕНО)

Објавено во: Македонија 21 Април, 2023 10:30

Добивај вести на Viber

Продолжениот викенд традиционално е повод за посета на соседната сончева Грција, но се поголем интерес има и за соседна Србија. 

Македонците навалија на викенд дружби кај соседите. Ќе се јаде морска храна и гиро викендов, но и лесковачка. 

Од камерите пред граничните премини може да се забележи дека навалата е најголема кон Грција, каде има долга колона на возила. 

Граничниот премин „Богородица“ изутринава е преплавен со автомобили кои чекаат за излез од Македонија кон Грција. Продолжениот викенд поради велигденските празници, голем дел граѓани ќе го поминат надвор границите на државата. 


Како што јавуваат читатели на Фактор, утрово била забележана гужва и на граничниот премин кон соседна Србија, каде се чекало и половина час за излез од државата. 

Сепак, од Авто - мото сојузот на Македонија - АМСМ информираат дека денеска на граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ - Србија, чии камери го прикажуваат влезот на патници од Македонија во Србија се забележува дека и во текот на пладнето, во 14 часот се уште имаше голем број возила на границата. 


Но, гужви нема на границата кон Бугарија. На граничниот премин „Деве Баир“ е целосно слободно движењето.

Колкава улога играат политичките превирања кои ги зафатија нашите држави последниве месеци во слабиот проток на патници на овој граничен премин? 

Во минатото и на оваа граница имаше колони, и движење, но тие низ годините постепено опаѓаа.

Интересот за патување кон Бугарија од година во година е се помал, но последиве години значително намален. 

Поради бројните политички препукувања и притисокот кој го врши соседна Бугарија врз нашата земја дополнително се влоши комуникацијата меѓу нашите народи. 

Можеби ќе ве интересира

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

„НЕМА НИВНИ ИЛИ ВАШИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ“: жестока реакција по партиските препукувања

„НЕМА НИВНИ ИЛИ ВАШИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ“: жестока реакција по партиските препукувања

„СВЕСНО КРИЕЛА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ МАСАКР“: Левица бара оставка од директорката на Инспекторатот за животна средина

„СВЕСНО КРИЕЛА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ МАСАКР“: Левица бара оставка од директорката на Инспекторатот за животна средина

НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави

НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

ДВА МЕСЕЦИ ОТКАКО ИСЧЕЗНА: Блиските и натаму молат да се пронајде Миле Тодоров

ДВА МЕСЕЦИ ОТКАКО ИСЧЕЗНА: Блиските и натаму молат да се пронајде Миле Тодоров

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа