06 Август, 2024
0.0263

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА РЕАГИРАЛЕ ДО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОПИСОТ: Кој е неговиот став?

Објавено во: Македонија 06 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Народниот правобранител од Тирана побара од ИНСТАТ почитување на правата на Македонците во Албанија.

Но, тој не добил одговор од Институтот за статистика (ИНСТАТ) во врска со барањето на Македонците од Албанија околу случувањата со пописот на населението лани. Албанскиот омбудсман уште побарал, ИНСТАТ да гарантира почитување на националната припадност на македонската заедница во Албанија и прикажаните потадоци од пописот.

„Народниот правобранител беше информиран за проблемите околу пописот и влијанието на бугарските дипломатски претставници за да се намали бројот на Македонците и проблемот со терминот Северна Македонија за Македонците, на албански јазик, што беше само за нас и ‘северномакедонци’ на англиски јазик, од Институтот за статистика, на прегледот за резултатите за етничката припадност“, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво Илинден од Тирана.

Пописот на населението, 12. по ред беше реализиран од 30 октомври до 16 ноември 2023 година, а според резултатите објавени од ИНСТАТ на 28 јуни годинава, попишувачите регистрирале 2.281 Македонец, наспроти 7.957 Бугари. Во сите претходни единаесет спроведени статистички операции не е регистриран ниту еден граѓанин кој се изјаснил како Бугарин.

Бугарите беа активни пред и за време на пописот со агитирања, а нуделе и таблети, телефони, пасоши на Македонците во Албанија за да се изјаснат како Бугари. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот во близина на Негорци се проширил на 50 метри до куќите

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот во близина на Негорци се проширил на 50 метри до куќите

ИМААТ СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ: Левица и СДСМ бараат разрешување на Гаши

ИМААТ СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ: Левица и СДСМ бараат разрешување на Гаши

КУМАНОВЕЦ УАПСЕН ВО ТИРАНА: Го барале со меѓународна потерница

КУМАНОВЕЦ УАПСЕН ВО ТИРАНА: Го барале со меѓународна потерница

НОВИ ДИРЕКТОРИ ВО 10 ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ: Ова се кадрите кои ги именуваше Таравари

НОВИ ДИРЕКТОРИ ВО 10 ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ: Ова се кадрите кои ги именуваше Таравари

РЕАГИРА КАБИНЕТОТ НА ВЈОСА ОСМАНИ: „За жалење“ е начинот на кој е расчистен инцидентот на скопскиот аеродром

РЕАГИРА КАБИНЕТОТ НА ВЈОСА ОСМАНИ: „За жалење“ е начинот на кој е расчистен инцидентот на скопскиот аеродром

ЕВЕ ГИ ПРОИЗВОДНИТЕ ЦЕНИ НА ГРОЗЈЕТО: „Смедеревка“ 18,3, „Вранец“ за 20,8 денари

ЕВЕ ГИ ПРОИЗВОДНИТЕ ЦЕНИ НА ГРОЗЈЕТО: „Смедеревка“ 18,3, „Вранец“ за 20,8 денари

ЗЛОУПОТРЕБЕН Е МОМЕНТОТ КОГА СЕ ЗАМЕНУВААТ ЗНАМИЊАТА: Од Влада велат намерно се создава забуна

ЗЛОУПОТРЕБЕН Е МОМЕНТОТ КОГА СЕ ЗАМЕНУВААТ ЗНАМИЊАТА: Од Влада велат намерно се создава забуна

„СЕ СЛУЧИ НЕВРЕМЕ КОЕ СЕ СЛУЧУВА ЕДНАШ ВО ИЛЈАДА ГОДИНИ“: Вака УХМР го објасни невремето што ја погоди Скопската котлина пред осум години

„СЕ СЛУЧИ НЕВРЕМЕ КОЕ СЕ СЛУЧУВА ЕДНАШ ВО ИЛЈАДА ГОДИНИ“: Вака УХМР го објасни невремето што ја погоди Скопската котлина пред осум години

СО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ЌЕ РАКОВОДИ ПРОФЕСОРОТ АЛЕКСАНДАР КЛИМОВСКИ: Назначаен е за нов директор на оваа институција

СО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ЌЕ РАКОВОДИ ПРОФЕСОРОТ АЛЕКСАНДАР КЛИМОВСКИ: Назначаен е за нов директор на оваа институција