06 Август, 2024
0.0365

ЗЛОУПОТРЕБЕН Е МОМЕНТОТ КОГА СЕ ЗАМЕНУВААТ ЗНАМИЊАТА: Од Влада велат намерно се создава забуна

Објавено во: Македонија 06 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Владата ја нарече како класична лажна вест информацијата објавена од „Топ Чанел“ за наводно помешување на знамето на Косово со знамето на Европската Унија, пред вчерашната прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски со неговиот косовски колега Албин Курти.

-Обидот за намерно создавање забуна е повеќе од очигледен и нема да помине кај ниту еден свесен граѓанин. Имено, ако внимателно се гледа видеото, јасно може да се забележи дека се работи за промена на постојното знаме на ЕУ, кое беше таму на претходната прес-конференција, со ново знаме за настанот што следеше подоцна со косовскиот премиер, велат од Владата.

Оттаму посочуваат дека не е згрешено знамето, па сменето, туку едноставно снимена е замената на знамињата односно во прилогот злоупотребен е моментот кога е заменето знамето на ЕУ кое стои до државното за да се стави знамето на државата од каде доаѓа гостинот, во случајот премиерот на Косово.

-Овој вид на т.н. известување претставува класичен обид за релативизација на сите скандали и пропусти на претходната влада. Аматеризмот кога се грешеа знамиња на држави или се поставуваа наопаку не е, ниту може да биде случај сега со оваа извршна власт. Ги замолуваме медиумите пред да објавуваат вакви сензационалистички дезинформации и лажни вести, да проверат фактите. Во спротивно, тие стануваат дел од нечесната и валканата политичка битка на ретроградните сили кои доживеаа катастрофален пораз на изборите, стои во соопштението на владината прес-служба.

„Топ чанел“ вчера објави дека во Скопје за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти „за малку ќе се случел скандал“, бидејќи, според медиумот, пред прес-конференцијата со Христијан Мицкоски, зад подиумот биле поставени знамињата на Северна Македонија и на Европската Унија, кое „било помешано со она на Косово, што било веднаш забележано и навреме наместено“. 


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот во близина на Негорци се проширил на 50 метри до куќите

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот во близина на Негорци се проширил на 50 метри до куќите

ИМААТ СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ: Левица и СДСМ бараат разрешување на Гаши

ИМААТ СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ: Левица и СДСМ бараат разрешување на Гаши

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА РЕАГИРАЛЕ ДО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОПИСОТ: Кој е неговиот став?

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА РЕАГИРАЛЕ ДО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОПИСОТ: Кој е неговиот став?

КУМАНОВЕЦ УАПСЕН ВО ТИРАНА: Го барале со меѓународна потерница

КУМАНОВЕЦ УАПСЕН ВО ТИРАНА: Го барале со меѓународна потерница

НОВИ ДИРЕКТОРИ ВО 10 ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ: Ова се кадрите кои ги именуваше Таравари

НОВИ ДИРЕКТОРИ ВО 10 ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ: Ова се кадрите кои ги именуваше Таравари

РЕАГИРА КАБИНЕТОТ НА ВЈОСА ОСМАНИ: „За жалење“ е начинот на кој е расчистен инцидентот на скопскиот аеродром

РЕАГИРА КАБИНЕТОТ НА ВЈОСА ОСМАНИ: „За жалење“ е начинот на кој е расчистен инцидентот на скопскиот аеродром

ЕВЕ ГИ ПРОИЗВОДНИТЕ ЦЕНИ НА ГРОЗЈЕТО: „Смедеревка“ 18,3, „Вранец“ за 20,8 денари

ЕВЕ ГИ ПРОИЗВОДНИТЕ ЦЕНИ НА ГРОЗЈЕТО: „Смедеревка“ 18,3, „Вранец“ за 20,8 денари

„СЕ СЛУЧИ НЕВРЕМЕ КОЕ СЕ СЛУЧУВА ЕДНАШ ВО ИЛЈАДА ГОДИНИ“: Вака УХМР го објасни невремето што ја погоди Скопската котлина пред осум години

„СЕ СЛУЧИ НЕВРЕМЕ КОЕ СЕ СЛУЧУВА ЕДНАШ ВО ИЛЈАДА ГОДИНИ“: Вака УХМР го објасни невремето што ја погоди Скопската котлина пред осум години

СО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ЌЕ РАКОВОДИ ПРОФЕСОРОТ АЛЕКСАНДАР КЛИМОВСКИ: Назначаен е за нов директор на оваа институција

СО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ЌЕ РАКОВОДИ ПРОФЕСОРОТ АЛЕКСАНДАР КЛИМОВСКИ: Назначаен е за нов директор на оваа институција