МАКЕДОНЦИТЕ ПОМАЛКУ ЗБОРУВААТ НА ТЕЛЕФОН – АЕК утврди пад на разговорите во сите мрежи

Објавено во: Економија 21 Март, 2025 07:42
Агенцијата за електронски комуникации утврди дека минатата година имало раст на фиксните линии во Македонија, благ пад кај бројот на претплатници во мобилната мрежа, a се намалуваат и телефонските разговори меѓу корисниците и на фиксните линии и на мобилните.
Во годишниот извештај на оваа институција е посочено дека во 2024 година претплатниците просечно зборувале 12,56 минути на фиксна линија. Притоа, најголем дел од повиците се остварува во сопствена фиксна мрежа и изнесува 4,33 минути. Сообраќајот кон други фиксни мрежи во Македонија е значително помал и изнесува 1,70 минути.
Што се однесува пак до сообраќајот во сопствена мобилна мрежа тој изнесува 3,21 минути, а сообраќајот кон други мобилни мрежи во земјава изнесува 3,14 минути, и 0,18 минути кон мрежи во странски држави.
- Споредено со 2023 година може да се забележи намалување на волуменот сообраќај кон сите дестинации– се нагласува во извештајот.
Во извештајот на АЕК е посочено дека пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација бројот на фиксни линии (сите технологии) во 2024 година е зголемен за 1,96 отсто во споредба со 2023 година.
- Бројот на PSTN линиите во однос на 2023 година се намалени за 27,88 отсто. Бројот на (VoIP) линии преку бакарна мрежа се намалил за 7,48 проценти за периодот од една година. Бројот на линии преку безжични технологии во 2024 година изнесува 95.108, односно може да се забележи раст од 4,56отсто во однос на 2023 година. Голем дел од кабелските оператори ја изнајмуваат својата мрежа на нотифицираните оператори кои се активни на пазарот на фиксна телефонија и ја обезбедуваат услугата на пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација– се посочува во извештајот на АЕК.
Меѓу другото е посочено дека во 2024 година бројот на линии преку оптичка мрежа (FTTH) изнесува 130.344 и бележи раст од 17,34 отсто за период од една година.
Што се однесува пак до мобилните мрежи, како што открива АЕК има благ пад на бројот на корисници.
- Се согледува процентуален пад од 0,04 отсто на бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во 2024 во однос на претходната година. Бројот на резиденцијалните пост-пејд претплатници бележат раст од 3,38 проценти во однос на 2023 година, деловните бележат пад од 0,14 проценти во истиот период– се наведува во извештајот на АЕК.
П.О.
Фото: Unsplash
Можеби ќе ве интересира
ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЛАГАРД: Трговската војна ја зголемува инфлацијата во Европа, закрепнувањето е во ризик
ТЕТОВСКИ „ТЕТЕКС“ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ДОБИЈАТ АКЦИОНЕРИТЕ - одлуката ќе се потврди на акционерско Собрание во април
