15 Јуни, 2025
0.0332

МАКЕДОНЦИTE СЕ ВТОР НАЈГНЕВЕН НАРОД ВО ЕВРОПА: Зошто толку лошо котираме кога е во прашање смиреноста?

Објавено во: Македонија 13 Август, 2024 07:43

Добивај вести на Viber

Граѓаните на земјава се рангирани на второто место меѓу европските нации во овогодинешниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, кој покажува колкав гнев или бес чувствува населението во секоја земја на дневна основа. Пред нас се само Турците, а она се забележува од мапата е дека дури и населението во Украина, каде трета година има војна е посмирено.

Граѓаните се согласуваат дека навистина е така, како што е наведено во истражувањето. Велат дека ни фалат трпение и смиреност.

„И јас го прочитав тоа истражување. Има вистина во тоа. Има многу причини зошто сме гневни. До некаде е и до менталитетот. И во сообраќајот луѓето се многу нервозни“, рече Марија Крстевска, граѓанка.

Друга жена која живее во Германија објаснува дека има разлика меѓу луѓето овде и таму, односно таму се посмирени.

„Германците се посмирени, не се нервираат, немаат толку проблеми“, додава таа.

Граѓаните објаснуваат дека живееме во бурно време и постојано сме под стрес.

„Цело време трчаме, треба да сме поорганизирани, дисциплинирани, а не ако некаде одиме или нешто треба да направиме, тргнуваме во последен момент и потоа паничиме и се нервираме. Подобро е да си планираме, да сме сталожени. Донекаде државата има удел затоа што сме гневни, нервозни, но имаме и ние вина како народ“, вели Стојанка Петровска, граѓанка.

Психолозите објаснуваат дека повеќе фактори имаат улога затоа што населението е бесно. Удел имаат сиромаштијата,  лошиот стандард и слично.

„Лутината  може да биде предизвикана од лични, општествени, економски причини. Лутината кажува дека нешто не е како што треба во околината и нешто се случува што не ни се допаѓа. Функцијата на лутината е нешто да се направи, другиот да направи, за да се промени ситуацијата, било да е тоа ситуацијата во поширок контекст, семејството, работата или нешто друго“, вели Елена Кабранова психолог.

По Турците и Македонците, според истражувањето на Галуп, следуваат Албанците и Црногорците (24 отсто) и Шпанците (23 отсто).

Во регионот, Бугарија, Србија и Косово се некаде при дното на листата, затоа што меѓу 11 и 13 отсто од нивните граѓани се изјасниле дека чувствуваат бес во текот на денот, додека 21 отсто од испитаниците од Грција го кажале истото.

Држави со најмал процент на гнев на дневна основа во Европа се Финска и Естонија (седум проценти), Португалија (осум проценти) и Холандија и Хрватска (девет проценти).

Сања Атанасовска

foto freepik.com/benzoix

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Koлку се чека на Табановце и на Богородица?

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Koлку се чека на Табановце и на Богородица?

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

АКО НЕКОЈ СЕПАК СЕ РЕШИ ГРАДОТ ДА ГО ЗАМЕНИ СО СЕЛО: Ова се прашањата кои треба да си ги постави

АКО НЕКОЈ СЕПАК СЕ РЕШИ ГРАДОТ ДА ГО ЗАМЕНИ СО СЕЛО: Ова се прашањата кои треба да си ги постави

ЗА 11 ЛИЦА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОСТАПКАТА Е ЗАПРЕНА: Меѓу нив е и Панчо од ДНК

ЗА 11 ЛИЦА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОСТАПКАТА Е ЗАПРЕНА: Меѓу нив е и Панчо од ДНК

ИМА КРИЗЕН ШТАБ ВО МНР ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: Нашите државјани строго да ги следат националните портали за итни случаи

ИМА КРИЗЕН ШТАБ ВО МНР ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: Нашите државјани строго да ги следат националните портали за итни случаи

Мицкоски: „Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна“

Мицкоски: „Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна“

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ПЕДИЈАТАР – ПРОФЕСОР СОФИЈАНОВА: Освен што ги лекува бебињата од само еден ден, таа има и висок моден стил

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ПЕДИЈАТАР – ПРОФЕСОР СОФИЈАНОВА: Освен што ги лекува бебињата од само еден ден, таа има и висок моден стил

ВМРО СООПШТИ УШТЕ ОСУМ ИМИЊА НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: За Скопје ќе кажат во јули

ВМРО СООПШТИ УШТЕ ОСУМ ИМИЊА НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: За Скопје ќе кажат во јули