МАКЕДОНЕЦ НАСТРАДА ВО СРБИЈА: Го убил бившиот сопруг на неговата партнерка
Објавено во: Балкан 12 Август, 2024 14:42
Во Бела Црква во Србија, Србин уби Македонец кој бил во врска со неговата поранешна сопруга.
Маж (62) од Врачев Гај е уапсен поради сомнение дека убил Македонец (61) со кого била неговата поранешна сопруга. Настанот се случил во четвртокот вечерта во близина на дворот на осомничениот (62), каде биле неговата поранешна сопруга и нејзиниот сегашен партнер, Македонец. Поранешните сопружници се скарале за поделба на заедничкиот имот. Неофицијално како што пишува Новости, Ѓ.С. го нападнал Б.П., откако тој се вмешал во расправијата на поранешните сопружници.
„Го тепаше со голи раце удирајќи му ја главата од подот, а кога пристигна брзата помош околу 22 часот можеле само да констатираат смрт“, рекол изворот.
Сите тројца со години живеат и работат во Италија. Поранешните сопружници имаат три возрасни деца.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




