19 Декември, 2025
0.0374

Македонија даночен рај, а инвеститори недоволно?

Објавено во: Економија 21 Март, 2016 10:55

Добивај вести на Viber

Како дел од отчетот на ВМРО-ДПМНЕ, свое излагање имаше и  вицепремиерот Зоран Ставрески, кој истакна дека ниските даноци придонеле за многу повеќе инвестиции. -Македонија е лидер во светот по најниска даночна стапка според Бизнис инсајдер со стапка која ниедна друга земја во светот ја нема. Како поддршка на стопанството и економијата се чувствува. Со многу труд и правилни одлуки кои многумина ги доведуваа во прашање , но знаевме дека кај фирмите нема подобар начин да бидеш пријател со нив и да ги мотивираш да ги плаќаат даноците. Ние тоа го правевме 10 години, дури кога сите земји во кризата зголемуваа даноци, ние во ниеден момент не го направивме тоа. Земјите го зголемуваа ДДВ, данокот на добивка, но ние знаевме дека работниците и фирмите ќе настрадаат ако го направиме тоа. Сепак дел од експертите спорат со овие тези. Сметаат дека даночните стапки не ја играат главната улога во одлуките на странските инвеститори за вложување, туку дека големо влијание имаа законските решенија, стабилноста, политичката состојба во земјата. -Странските инвеститори не бараат само најниски даночни стапки, туку многу повеќе од тоа. Клучно при донесување на одлука за инвестирање е: постојноста на законските решенија, сигурноста на инвестициите, политичката клима, комуникациското поврзување, достапноста до потребните енергенси, квалификуваната работна сила, цената на трудот. Сите тие предуслови се неопходни за да може инвеститорот да процени, т.е. какви приноси од влоѓениот капитал може да очекува. Активноста на Владата за привлекување на странски инвестиции е за секоја почит, но вистината не учи дека тоа не е доволно. Сите земји од блиското опкружување, иако имаат  повисоко даночно оптоварување, имаат неколку пати повеќе странски инвеститори, изјави неодамна универзитетскиот професор, Сами Бислими. Во денешната колумна на Фактор професорото Крсте Шајноски вели дека слободно може да се каже дека потпирањето  на развојот врз идејата за привлекување на над 8 милијарди евра странски директни инвестиции беше катастрофално по развојот на Македонија, бидејќи сите карти беа ставени  на странците, а домашниот бизнис беше ставен на маргините од интересот на власта. „Меѓутоа, странците не дојдоа во очекуван број и со очекувани средства. Од 2009, кога беше  најавена намерата за привлекување на силните милијарди, до крајот на минатата година (за седум години) во земјата пристигнаа едвам   1,37 милијарди евра.  А само во 2007 и 2008 година во земјата странците инвестираа над 900 милиони евра.  Износите од овие две години (506 и 400 милиони евра) не само што не се остварија до денеска туку  имаат тренд на намалување, особено изразен во последниве три години. Во 2013 година беа вложени 252 милиони евра странски средства, во 2014 -205 милиони и во 2015 година само 157 милиони евра. Дури и очекуваниот прилив за годинава од околу 270 милиони евра  не го надминува највисокиот износ во периодот од споменатите седум години од 344 милиони евра остварен во 2011 година“ пишува Шајноски.

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?