„Македонија дел Норте“ денеска на дневен ред на шпанскиот Сенат, па официјално членство во НАТО
Објавено во: Македонија 17 Март, 2020 06:51
За денеска е закажана специјалната пленарна седница на шпанскиот Сенат на кој ќе се гласа за ратификација на пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО, по што земјата наскоро ќе стане официјална членка на Алијансата. Шпанија е последната земја-членка на НАТО која се уште до сега не можеше да го стори тоа поради неможноста да се оформи стабилно параментарно мнозинство и договор за формирање Влада.
Сенаторите ќе гласаат конференциски за Македонија да станe полноправна НАТО членка и за прв пат во историјата тоа ќе биде овозможено преку систем на електронско гласање преку компјутерска мрежа. Тие ќе гласаат од дома и нема да бидат физички присутни во Сенатот.
Македонија ќе биде единствена точка на дневен ред, а Сенататот поради ситуацијата со корона вирусот е затворен веќе една недела. Ваквиот потег следува со цел да не се губи дополнително време за официјалниот прием на земјата во НАТО.
Со оваа ратификација завршува процедурата за македонското членство во Алијансата, а церемонијата на која ќе се одбележи полноправното членство.ќе биде на почетокот на април, иако не се очекуваат свечености и собири поради новонастанатата ситуација со пандемијата.
Долниот дом на шпанскиот парламент веќе го ратификуваше Протоколот на 27 февруари.
Откако Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО ќе биде изгласан во Сенатот, документот ќе треба да го потпише шпанскиот крал, а потоа и да биде депониран во Стејт Департментот во Вашингтон.
Со предавање на ратификацискиот инструмент од Северна Македонија, исто така, во Стејт Департментот и формално ќе заврши процедурата, со што Северна Македонија ќе стане 30. членка на Алијансата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





