МАКЕДОНИЈА Е ДАЛЕКУ ОД ТОА ПАК ДА БИДЕ НА ЦРВЕНА ЛИСТА: Но, ризик има, критична е втората половина на август-проф. Пановски за Фактор
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2021 07:47
И покрај тоа што
од ден на ден се зголемува бројот на новозаразените со корона вирусот,
професорот Никола Пановски уверува дека Македонија засега е далеку од тоа
повтрно да биде на црвената листа, дносно да биде високоризична земја. Во
разговор за Фактор посочува дека засега сме во добра епидемиолошка состојба, но
дека постои голем ризик, вирусот повторно да земе замав, пред се поради
целосното олабавување на анти-ковид мерките.
-Евидентно е дека бројот на новозаразени е зголемен, но ова не се големи бројки за да земјата ја вратат на црвената листа. Соседството околу нас има 20, па и 30 пати повисоки бројки, така што нашата епидемиолошка состојба и тоа како е многу подобра, што значи дека сме се уште далеку од онаа граница на црвена зона, појаснува микробиологот Пановски.
Тоа што загрижува, според професорот, е враќањето на иселениците, посебно во август, како и враќањето на нашите граѓани од летните одмори. Во втората половина на август, како што вели, можно е епидемиолошката крива во земјава забрзано да оди во нагорна линија.
-Иселениците од западните земји ќе се вратат во август. Ќе се прават уште повеќе свадби, веселби, разни семејни собирања. Не постојат никакви мерки, се е олабавено, што значи дека сите ризици за ширење на вирусот се тука. Единствена надеж ни е топлото време и тоа што луѓето се надвор, како и тоа што имаме некаков имунитет, што од вакцинирани, што од луѓето кои веќе ја прележаа болеста. Но, доволно е малку да залади и тоа ќе биде идеален услов за повторно забрзано ширење на ковид-19, посочува професор Пановски.
Според него, една од мерките која треба да биде вратена и која ќе даде резултати е веднаш да се забранат свадбите во затворен простор, а вели и дека мора да има и реципроцитет за земјите, за кои граѓаните од Македонија при влез мора да имаат потврда дека се негативни на вирусот.
-Многу е важно сите веселби кои се прават во затворени простори да бидат забранети веднаш, но и масовни собири на отворено се исто така потенцијална опасност за ширење на вирусот. Затоа е важна вакцинацијата. Но, вакциналниот процес непречено може да се одвива само ако бројките не се золемуваат. Ако има пораст на новозаразени и вакцинацијата ќе биде запрена. Исто така, многу подобро ќе беше да има и мерки на границите со Грција и со Бугарија, каде што бројките на новозаразни во тие земји во моментов се навистина огромни. Не е добро слободно да влегуваат нивните граѓани во Македонија кога на дневна основа имаат и по 3.000 новозаразени, потенцира проф. Пановски.
Инаку, во Македонија по подолго време вчера беа регистрирани 26 новозаразени, со што бројот на активни случаи сега е 225. Најголем број на активни има во Скопје 86 и во Тетово 73, додека дури во 20 градови во земјава нема ниту еден активен случај.
Здравствените власти велат дека постојано и внимателно ја следат епидемиолошката состојба, која засега ја оценуваат како мирна, но незадоволни од интересот за вакцинација, најавија воведување евентуални мерки од семптември за невакцинираните на кои ќе им биде оневозможен пристап на настани каде има масовни собирања, пред се културни и спортски ивенти.
Анита Буховски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





