05 Декември, 2025
0.0735

Македонија го доби случајот „Казандол“: Државата беше тужена од неколку инвеститори, со барање за отштета од 115 милиони евра

Објавено во: Економија 19 Август, 2025 14:35

Добивај вести на Viber

- Владата донесе одлука за почнување подготвителни работи за целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичево на Коридиорот 8. ЕУ ќе обезбеди 5,3 милиони евра грант за физибилити студија, а водечка финансиска институција ќе биде  Европската банка за обвнова и развој која ќе одбере консултант, по што ќе се оди кон втората фаза - работа на терен, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што истакна Николоски на прес-конференција, пругата е во лоша состојба и по неа сега е невозможно да се движат возови, но за две до 2,5 години од завршувањето на студијата пругата треба да биде готова.

-Затоа решивме прво да ја реконструираме, а потоа да ставиме модерна сигнализација и да ја електрифицираме. Дури и да беше во добра состојба, по железницата ќе оперираа само дизел локомотиви, рече Николоски.

Реконструкцијата ќе овозможи, потенцира вицепремиерот, поврзување на Скопје - Јегуновце - Тетово - Гостивар - Кичево.

Николоски соопшти и дека државата го добила случајот „Казандол“.

-Сакам да информирам за донесената пресуда во арбитражната постапка „Казандол“ каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но можам со гордост да кажам дека овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресдудата е целосно во наша корист, а случајот не беше воопшто лесен, подвлече Николоски.

Тој смета дека државата ќе добие уште најмалку два случаја.

-Ова се затворени процеси и до донесување пресуда детали не смеат да се изнесуваат. Постапките се многу комплицирани. Но, ако продолжи овој след, а јас сум убеден дека ќе продолжи, тогаш надлежните органи ќе треба сериозно да се позанимваат со тоа како биле отворани арбитражите и како бевме сите убедувани дека Македонија ќе губи стотици милиони евра, а некогаш и милијарди, а еве не ги губи и зошто овој случај бил затворен во декември 2023 година. Ние повторно го отворивме, имало простор и еве го добивме, објасни Николоски. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?