17 Декември, 2025
0.0694

Македонија го потпиша договорот за изградба на кракот од гасоводот „Јужен тек“?!

Објавено во: Економија 05 Јули, 2013 16:01

Добивај вести на Viber

Македонија и Русија подготвија меѓувладин договор за изградба на крак за испорака на гас за Македонија, како дел од „Јужен тек“, пренесува руската агенција „Итар тас“. 

Според документот изработен од Министерството за енергетика на Русија, во случај на потврда на изводливоста на целиот проект и доколку анализите за проектирање на гасоводот ја потврдат изводливоста на проектот, „Газпром“ и „Македонски енергетски ресурси“ ќе формираат заедничка компанија за реализација на проектот со еднаков удел од 50 отсто. Со тоа можат да се привлечат многу акционери со понатамошна прераспределба на акции.

Како што наведува „Итар тас“, линијата на гасоводот по која ќе поминува и неговиот капацитет е оставено да се утврдат, според резултатите од анализата. Количеството на природен гас и условите на снабдување на Македонија се утврдени меѓу договорите на „Газпром“ и „А.Д. Македонски енергетски ресурси“.

Сите права од користењето на природниот гас и припаѓаат на „Газпром“. Со документот се дефинирани обврските на македонската страна да не наметнува никакви ограничувања на руски инвестиции во Македонија, согласно соговорот како и да обезбеди оваа компанија да има пониски даночни и царински услови.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија