23 Јуни, 2024
0.0643

Македонија и Бугарија на чекор до потпишување на „Договор за добрососедство?!“

Објавено во: Анализа 20 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Меѓудржавниот  Договор за добрососедство е во завршна фаза на усогласување меѓу преговарачките тимови од Македонија и Бугарија. Како резултат на најновиот амбиент е заедничкото писмо што шефовите на македонската и бугарската дипломатија Никола Попоски и Кристијан Вигенин го испартија до Брисел. Со него, Македонија и Бугарија, како опиплив тест за политиката на добрососедство, го форсираат завршувањето на Коридорот 8. Првите дипломати им  отвараат врата на премиерите на двете земји, кои во Лондон, на форумот на ЕБОР, од европските банкари ќе побараат кредитна линија за меѓусебно модерно инфраструктурно поврзување. За властите во Скопје исклучително е важно, пред европските лидери да покажат дека се подготвени за компромисни решенија, какви што најверојатно ќе бидат постигнати во текстот и со потпишувањето на Договорот за доброседство, вели за Фактор еден искусен дипломат, кој сака да остане неименуван. Љубиша Георгиевски, поранешниот  амбасадор во Софија и Белград, за Фактор вели дека не може да се каже дека Македонија има спор(ови) со соседите.
“Во однос на Србија ние ништо не негираме во црковниот спор, тоа е надвор од меѓудржавните односи. Спорот со Грција околу името, тоа не е наш спор, ние не го предизвикуваме, туку ни го наметнуваат. Како земја членка на ЕУ јужниот сосед е европска држава со самопроблематизирање на релациите со сите свои соседи, со Кипар,  Албанија, со Македонија и Бугарија. Секогаш грчкиот капитал е добредојден во нашата држава, нашите туристи се најброни на Егејското Море. Ние се  допуштаме, тоа така не може. Мислам дека треба да има некои граници. Немаме никаков спор ниту со Бугарија. Сите успешни односи и Спогодби меѓу државите, во историјата, се базирале на взаемен интерес. Во секој случај ова со Бугарија е огромен напредок . Од дипломатска гледна точка  иницијативата на министрите за надворешни е  одличен  потег . Од взаемен интерес е да се заврши Коридор 8“, вели Георгиевски.
Екс амбасадорот Георгиевски не гледа ништо спорно во потпишувањето на “Договорот со добрососедство“, ниту во иницијативата за заедничко прославување на настани и личности. додавајќи доддвајќи дека е страшно  ако има омраза, војни, нетолеранција.
„Со малку повеќе добра волја може да се најдат настани и личности што се интегрирани во заеднички историски движења и  кои би можеле заеднички да се одбележуваат. Еве  Србија направи прослава на макоднската територија и небото не падна. Ние мораме да имаме братски односи со сите наши соседи. Тоа е услов кој важи за нас, но и за нив“, оценува за Георгиевски.
Откако претходната Влата на Бугарија предводена од Бојко Борисов побара од Груевски Македонија да потпише Договор за добрососедство, како држаевн акт, требаше повеќе од три години, па Попоски и Вигенин да ги доближат решенијата околу спорните прашања за јазикот и различните проценки за историски настани и личности што ги поделија и научниците и политичарите.  Универзитесткиот професор Владо Поповски, кој е и дел од меѓудржавниот експертски тим што  работи на усогласување на Договорот за добрососедство  неодамна во интревју за Фактор рече  дека  Македонија треба да стави потпис врз овој документ.
„Мислам дека треба да ја потпишеме Декларација за добрососедство.  Бугарска страна интензивно работи сметајќи дека постои антибугарско расположение. Можеби во некое претходно време, во бивша Југославија, се одржуваше тој курс со притисокот  од север. Ние можеме да се фокусираме на  борбата за држава на пример во 19 век, па се до Втора Светска војна заедно да договориме кои се спорните  извори и историски факти кај едните и другите. Јас се надевам дека ќе се сретнат мешовитете групи од двете земји и дека ќе се разберат освен ако нема претенциозни, априорини ставови што секогаш се политички мотивирани“, рече Поповски.
И покрај овој оптимизам на професор Поповски, историчарот  Тодор Чепреганов, кој ги истражуваше британските архиви за Македонија, за Фактор вели дека “Договорот за добрососедство“ треба да се потпише  врз основа на  меѓусебно почитување, и толеранција. Не може бугарската страна да ја признава македонската држава, а да не ја признава македонската нација, јазик и култура.
„ Македонски и бугарски истражувачи треба да разговараат  што и како се случило низ историјата, да станат достапни и да се отоворат сите архиви, а нивните тајни да ги читаме со научна аргументација.  Политизирањето на историјата во јавноста беше поттикнувано од дневната политика во двете средини и тоа е најлош процес  што ни се случува во меѓусебните односи. Мислам дека за личности кои се контроверзни за балканската историја, како во случајот со Тодор Александров, треба да дебатираат исклучиво историчари. Спомениците треба да сплотуваат,  да обединуваат,  а не да го делат народот и да создаваат делби меѓу државите“, категоричен е професор Чепреганов.
Инаку, „Спогодбата за пријателство“  што на 22 февруари 1999 година ја потпишаа тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, не се смета за спорна. Во текот на овие тринаесет години никој не ја проблематизираше нејзината примена. Во последната, единаесетта точка од овој документ се наведува дека двете држави нема да преземаат, поттикнуваат и поддржуваат дејства што имаат непријателски карактер за другата страна. „Република Македонија изјавува дека ништо од нејзиниот устав не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статутот и правата на лица што не се граѓани на Република Македонија. Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за пресретнување на недобронамерната пропаганда од страна на институции, агенции и нема да дозволат дејности од приватни субјекти насочени кон поттикнување насилство, омраза или други слични дејства што би ги повредиле односите меѓу двете земји“, потпишаа Георгиевски и Костов. Политичките релации меѓу Скопје и Софија, кои често беа аргумент за Грција дека не е само таа пречка за евроатланските интеграции на Македонија, добиваат нова динамика на взаемна доверба. По трпелив преговарачки процес, предводен од Попоски и Вигенин, Македонија и Бугарија би можеле, пред самитот на ЕУ во јуни, да го ратификуваат Договорот за добрососедство. Тоа би ја зајакнало и позицијата на Владата во Скопје пред европските партнери каде Грција ја форсира тезата за некооперативноста на Македонија, со националистичка реторика, да избегнува компромисни решенија во билатералните меѓудржавни односи. Г.Ч    

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите