29 Септември, 2024
0.0232

Македонија и дала дозвола на НСА да ги шпиунира граѓаните?

Објавено во: Анализа 27 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Америка имала направено топ -тајни договори со повеќе од 30 земји така што НСА има пристап до фибер оптичките кабли кои ги носат интернет податоците во тие делови од светот пишуваше пред речиси една година macedoniaonline.eu.

Документите обезбедени од поранешниот оперативец на НСА Едвард Сноуден објавени од новинар на „The Intercept“ и данската „Dagbladet Information“ покажуваат јавно за прв пат како се спроведувале тајните задачи за собирање на податоци во 33 земји каде постоеле тајни состаноци за ширење на американските влијанија во тие региони.

Претходната необјавена НСА операција – програмата со тајно име RAMPART-A – „прочисти огромна количина на податоци со невидена брзина“ според Рајан Галагер од  „The Intercept“ со дозволување на НСА пристап до интернет каблите кои содржат веб разговори и содржини кои не би можеле лесно да се набават од сите земји.

mkd-132673

Веќе наголемо се зборува дека НСА соработува со агенции од Обединетото Кралство, Канада, Нов Зеланд и  Австрија, а меѓу другите земји кои со НСА имаат скопени договори се и Македонија, Хрватска, Чешка, Белгија, Унгарија, Полска, Грција, Франција, Германија, Норвешка, Италија, Шпанија, Романија и Шведска .

„Но последните документи на Сноуден прикажуваат дека и многу дружи земји наречени како трети странки играле зголемувачка важна улога – со дозволување на НСА да постави уреди за надгледување на нивните фибер оптички кабли“.

Заедно,  „The Intercept“ и „Dagbladet Information“ објавиле многу класифицирани интерни документи на НСА кои се објавени за прв пат, прикажувајќи како разузнавачките служби на САД може да преснимат и неколку терабит податоци во само неколку секунди со влегување во тие кабли на пресретниците на интернет сообраќајот и надвор од физичките граници на САД.

Протечените документи обезбедени од Сноуден покажаа како САД навлегува во каблите во сојузничките земји каде веќе постои договор, со или без соработка на дотичната земја. Според последните информации  RAMPART-A ја поставува НСА на места од кои може да се дојде до важни информации за странски граѓани кои не би било лесно да ги добие со постојните договори.

mkd-132676

„Ако ја погледнете Интернет мапата има неколку изненадувачки точки. Најголем дел на информации поминуваат низ изненадувачки мал број на точки. Ако можете да влезете во нив, може да влезете во се „кажал експертот Брус Шнеиер  за  „Dagbladet Information“. Целта е да се покрие најголем дел од светот со најмалку можни точки. Најголем дел од интернетот проаѓа низ САД но добар дел и не. Затоа ќе побарате низ делови на светот кои што не се дело од САД“.

„Ако вашата земја е на важно место и голем дел на интернет сообраќајот проаѓа низ неа тоа ве прави важен соработник“, додал другиот експерт Мико Хипонен за данскиот печат.

НСА одбила да коментира на „специфички странски разузнавачки активности“ кога беше запрашана од двете страни.

Сноуден моментално е во Русија каде му е даден азил по заминувањето од Америка со голем дел на класифицирани досиеа од НСА одземени од агенција за времето кога тој бил вработен како системски администратор за американската влада, и сега е баран како резултат на шпионажа.

И.Р.