МАКЕДОНИЈА И ГЕОСТРАТЕГИЈА: Коридор 10 го изгубивме заради Србија, за осумката сами ќе си бидеме виновни?
Објавено во: Анализа, Балкан 21 Септември, 2014 09:06
„Мислам дека свртувањето на ЕУ од Коридорот 10 кон Коридорот 4 е поради инсистирањето на Србија за продолжување на изградбата на мега-гасоводниот проект Јужен Поток. Поради тоа што Европа жестокот се противеше на работите кон овој проект, а некои од земјите инсистираа на градење, мислам дека Европската унија се реши да запре со финасирањето на Коридорот 10 и да се насочи кон Коридорот 4, кој оди од Романија. Геостратешка е одлуката“, вели Палоши.
Да одговора оној кој ги запре активностите за Коридорот 8
Универзитетскиот професор Вулнет Палоши, како сериозен пропуст на македонските власти ја нотира и одлуката за стопирање на активностите околу Коридорот 8.
„ Во просторниот план на Македонија јасно беа утврдени патните коридори и нивната реализација. МАНУ одлучи, но прашањето е кој во 2003 година реши да се спротистави на стратегијата на МАНУ и да одлучи да не се гради Коридорот 8. За ова некој треба да одговора. Таквата политика ги натера Албанија и Косово да бараат нови решенија. Тие ги платија поскапо, но направија своја патна инфраструктура за излез кон Европа. Во меѓувреме Македонија остана црна дупка и слепо црвео која ја заобиколуваат сите значајни сообраќајни крстосници“, вели Палоши.
Сите земји од регионот не претекнаа
„Додека ние размислувавме и чекавме Албанија и Косово изградија нови стратегии кон патните коридори и интезивно ги градеа. Коридорот 8 кој беше од витално значење за Македонија оти ќе го привлечеше и проектот АМБО како и другите инфраструктурни проекти, пропадна. Потпишаниот меморандум помеѓу Албанија, Грција, Италија за гасоводот ТАП во вредност од 3 милијарди долари јасно укажа дека Македонија е заобиколена. Не би сакал да се остварат моите црни прогнози, но мислам дека ќе остаме црна дупка во Европа, оти сите не заобиколуваат“, вели профосерот Палоши.
Се плашам дека одлуката на Европа ќе има далекусежни последици
Одлуката на Европа да го тргне од својата мапа Коридорот 10, може да има сериозни последици.
„Ме плаши оваа одлука, може дај има далекусежни последици, имено средствата што треба да се повлечат во идниот период за одржување на тој коридор. Сега може да биде проблематично ова, оти нема да може да се добијат поволни кредити“, вели Палоши и додава дека нашите власти треба да се запрашат што се случува. Доцниме и со железничкиот сообраќај, го изгубивме чекорот со соседните држави, кон Коридорот 8 се однесувавме многу несериозно, даваме приоритет на патни решенија кои не се на европската мапа..
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





