19 Мај, 2024
0.0280

Македонија и Германија ќе потпишат спогодба за енергетска ефикасност

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Заменик претседателот на Владата и Министер за финансии Зоран Ставрески денеска  ќе ја птопише спогодбата за „Програма енергетска ефикасност и обновливи енергии фаза III”  помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за финансиска соработка 2012 година, во вредност од 35 милиони евра.

Од нив 15 милиони евра ќе бидат искористени за доизградба на Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) „Богданци“, а останатите за реализација на проектот ХЕЦ „Шпиље 2“.

Во изминатата година АД „Електрани на Македонија“ ги заврши сите потребни меѓународни тендерски постапки за избор на опрема и изведувачи на проектот ПВЕ „Богданци“, од изградба на потребната инфраструктура, до изведувач на изградбата на ветерните електрани. Компанијата потпиша договор со Сиеменс Винд од Данска во конзорциум со грчки Сиеменс АС за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на шеснаесет турбини на ветер за ПВЕ „Богданци“.

Во моментов, веќе се работи на изведбата на потребната инфаструктура и придружни објекти за ветропаркот преку договор со конзорциумот „Терна Сименс“ за изведба на патна инфраструктура, приклучен далекувод, командна зграда и 20/110 киловолтна трафостаница.

Дел од средствата за реализација на проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра се обезбедени преку кредит од германската КфВ банка во износ од 47,9 милиони евра, а 7,6 милиони евра обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела