05 Декември, 2025
0.0450

Македонија и Катар договараат редовна авиолинија

Објавено во: Економија 31 Декември, 2012 08:55

Добивај вести на Viber

Воспоставување на редовна авионска линија час поскоро на релација Скопје-Доха е причината поради која за февруари е закажана средба помеѓу претставници на Kатарската национална авиокомпанија Qatar Airways и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсовски, дознава Фактор. Детали за можната нова директна линија до Доха сè уште нема. Воведувањето на редовната линија е во насока на зајакнување на економската соработка, како и потребата од создавање и одржување поволни услови за инвестиции. Македонија воопшто не е непозната за Qatar Airways ако се земе предвид дека во последните четири години компанијата интензивно регрутира македонци кои во Доха веќе работат како стјуарди и стјуардеси. Но, додека Македонските власти цела година се обидуваат да ја воспостават редовната линија меѓу Скопје и Доха, тоа веќе го направија властите во Хрватска и Србија. Емирот од Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, кој Македонија ја посети во октомври минатата година си замина со најава за интензивирање на соработката во авиосообраќајот. Тој најави и можна соработка со Македонија во градежништвото, земјоделството, туризмот и во енергетиката. Но, за конкретна инвестиција се уште не станува ниту збор.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?