05 Декември, 2025
0.0383

Македонија и Србија имаат најмалку питка вода по глава на жител на Балканот

Објавено во: Балкан 18 Февруари, 2013 13:05

Добивај вести на Viber

БиХ и Хрватска имаат најмногу питка вода по глава на жител од земјите на Балканот, а Македонија и Србија најмалку, покажуваат податоците до кои дошле новинарите на агенцијата Анадолија. Според истражувањето на новинарите за состојбата за водните богатства на земјите во југоисточна Европа и другите делови од светот, податоците на Светска банка за 2012 година, покажуваат дека Босна и Херцеговина е земја со најголеми количини на питка вода по глава на жител. БиХ со 9,461 кубен метар питка вода по глава на жител е прва во регионот и седма во Европа. БиХ по водни ресурси е побогата од многу земји во светот вклучувајќи ги Кина, Франција, Германија, Јапонија и Соединетите Американски Држави. За споредба, БиХ е седум пати побогата од Германија со обновливи извори на питка вода. Во регионот на југоисточна Европа, веднаш по БиХ е Хрватска која има 8,555 кубни метри вода по глава на жител. Следи Албанија каде според податоците на Светска банка забележани се 8,364 кубни метри питка вода по глава на жител. Последни се Македонија со 2,616 кубни метри и Србија со 1,158 кубни метри вода по глава на жител. Според овие податоци, во областа на обновливи извори на питка вода БиХ е седум пати побогата од соседна Србија.  Од земјите во поширокиот регион, по БиХ најбогата со вода е Словенија со 9,098 кубни метри по глава на жител, а следат Турција со 3,083, Бугарија со 2,809 и Словачка со 2,316 кубни метри питка вода по глава на жител. Гледано во европските земји, Исланд е со 532,915 кубни метри питка вода и е најбогата земја со водни ресурси, а следат Норвешка со околу 77,000, Финска со 19,500 и Шведска со околу 18.000 кубни метри питка вода по глава на жител. Од друга страна, европска земја со најмалку водни капацитети е Малта каде се наоѓаат само 121 кубни метри по глава на жител, а следат Молдавија со 281, Холандија 659 и Кипар со 669 кубни метри питка вода по глава на жител. Гледано на глобално ниво, по Исланд кој е најбогат со питка вода, следат Гвајана со 318,766, Суринам со околу 166,000 и Папуа Нова Гвинеја со околу 115,000 кубни метри питка вода по глава на жител. Од друга страна, најсиромашна земја со водни ресурси во светот е Бахреин каде има само 3 кубни метри питка вода по глава на жител, а следат Обединетите Арапски Емирати со 19, Египет со 22, Катар 30 и Саудиска Арабија со 85 кубни метри питка вода по глава на жител.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии