20 Декември, 2025
0.0667

Македонија и Србија остро ја прашуваат ЕУ: Кога и како ќе престанете со бегалците?

Објавено во: Балкан 27 Август, 2015 19:56

Добивај вести на Viber

Двајцата министри за надворешни работи на две земји од поранешната Југословенска Република - на Србија Ивица Дачиќ и на Македонија - Никола Попоски се обединија дека 1 милион евра не стигнуваат за справување со бегалскиот проблем, пренесоа агенциите, повикувајќи се на српската агенција „Танјуг“.

На прес-конференцијата во Виена, Дачиќ изјавил дека Европа се соочува со најголемата бегалска криза од Втората светска војна, и претставува вистинска „преселба на народите“, на чиј пат Србија паѓа како транзитна земја.

Така тој го повтори заклучокот на началникот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан Јанош Лазар, кој прв проговори за преселба на народите. Брифингот во австриската престолнина беше во рамките на конференција за Западен Балкан.

„Со години зборувате дека бегалците доаѓаат од Србија и Македонија во ЕУ, сега можеме да кажеме дека бегалците доаѓаат кај нас од ЕУ. Ве прашуваме, кога ќе внесете контрола и како ќе ги натерате да не доаѓаат. Не можете да ги спречите со милион евра, кои планирате да ги дадете“, изјавил Дачиќ, додавајќи дека ЕУ е должна да има конференција за планирање за бегалците во октомври.

Српскиот министер истакнал дека неговата земја не е виновна за конфликтите во земјите од каде доаѓаат бегалците, а секој ден од нејзините граници поминуваат 2000 мигранти.

Во земјата освен тоа живеат 44 000 бегалци од претходните војни и 220 000 внатрешно раселени лица од Косово, што, според него, исто така, не треба да се игнорира.

Попоски од своја страна истакнал дека неодамна во Македонија влегуваат околу 4.000 мигранти дневно, а според прогнозите ќе продолжат да влегуваат по 3000 ден.

„Додека немаме европски одговор на овој проблем, никој од нас нема илузија дека тој ќе биде решен“, изјавил Попоски, и потврдил дека 1 милион евра не стигнуваат.

На истата средба во Виена германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека богатите европски земји се обврзани да го решат проблемот со бегалците од регионите на воени конфликти, пренесоа агенциите.

„Убедена сум дека Европа како богат континент може и треба да го реши овој проблем во дух на солидарност“, изјавила таа, додавајќи дека Унијата е должна да обезбеди фер распределба на мигрантите.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц истакнал дека вниманието на Европската унија треба да се пренасочи кон Западната рута на мигрантите и дека е потребен заеднички европски пристап за решавање на проблемот.

Инаку одделните земји ќе се обидат да ги решат сами проблемите што едвај ќе биде успешно и ќе ја загрози европската идеја за отворени граници, предупредил Курц.

Еврокомесарот Јоханес Хан повикал на солидарност од сите земји членки на ЕУ за решавање на кризата со бегалците и заштита на надворешните граници на Унијата.

Тој истакнал дека во соседните земји на ЕУ има 20 милиони бегалци и во врска со тоа, ЕУ има обезбедено на располагање за Србија и Македонија 1,5 милиони евра.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјавил дека на доаѓање од аеродромот на автопатот видел групи на луѓе кои оделе пеш кон Виена.

„Тоа покажува колку е итно решавањето на проблемот. Секоја од земјите од ЕУ треба да ги исполни своите обврски“, изјавил Штајнмаер, истакнувајќи дека најважно е бегалците да бидат распределени „чесно“, под исти стандарди и во соработка со транзитните за мигрантите земји.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација