Македонија и Турција пред договор за воена финансиска соработка
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2017
Македонија и Турција е речиси сигурно дека ќе соработуваат на полето на одбраната и се пред договор за воена финансиска соработка, барем така може да се заклучи од информациите кои пристигнуваат од Владата.
„Владата на Република Македонија го разгледа и прифати Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Македонија, и го задолжи Министерството за надворешни работи во рок од 15 дена од денот на потпишувањето на Договорот, да започне постапка за неговата ратификација. Владата ја определи министерката за одбрана Радмила Шекеринска-Јанковска, во име на Владата на Република Македонија да го потпише Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Македонија“ соопштуваат од владината прес служба.
Да потсетиме дека во минатото Турција се покажа како еден од најголемите сојузници на Македонија во засилување на одбраната и неопходните реформи на армијата за побрзо членство во НАТО. Турција на повеќе наврати донираше и високи суми на финансиски средства во воена помош за Македонија.
Претходно оваа година министерката Шекеринска имаше средба со новото воено аташе во турската амбасада во Скопје, како и со амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара при што се разговараше токму за соработката во одбраната.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.