ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Марш за ангелите“ имаше во Кочани, на точно пет минути по 12 часот

Објавено во: Македонија 05 Април, 2025 21:30
РОДНИНИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ МАРШИРАА ВО КОЧАНИ
Кој ги уби нашите ангели, кој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица, праша денеска една од мајките на маршот во Кочани.
Голем број граѓани учествуваа во протестниот „Марш за ангелите“ што го организираа семејствата на починатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Мирниот собир почна во Паркот на Револуцијата во 12.05 часот, како симбол на задоцнетата институционална реакција, а потоа граѓаните се упатија кон Трговскиот центар, кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.СОСТОЈБАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ Е НЕПРОМЕНЕТА
– Во Хируршка клиника ,,Св Наум Охридски”-6,
-На Клиника за пластична хирургија -4 пациенти пристигнати синоќа од странство,
-На Клиника за токсикологија има двајца пациенти (еден од претходно кој е префрлен од Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски” и еден кој ноќеска е дојден од Шпанија) и еден пациент е хоспитализиран на Клиника за пулмологија.
ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА КРАЈНИОТ РЕЗУЛТАТ ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСКИ
Издржете, нема да биде лесно, но крајниот резултат ќе биде историски, напиша американскиот претседател Доналд Трамп откако многу земји реагираат поради царините кои тој ги воведе.
„Америка повторно ќе ја направиме голема“, вели тој.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави пораки и слики на социјалните мрежи кои го покажуваат остриот пад на американските берзи, обвинувајќи ги САД за „уништување на меѓународната трговска стабилност“. Во порака до домашната и светската јавност, Кина јасно стави до знаење дека ја смета американската царинска политика за штетна и агресивна.фото МИА
Можеби ќе ве интересира
ДО КАДЕ Е ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ? Над 250 лица ќе бидат сослушани, еве што открива Тошковски

АНА ПАВЛОВСКА ДАНЕВА ОТКРИ ДАЛИ ПОЛИТИКАТА ИМАЛА ВЛИЈАНИЕ ПРИ НЕЈЗИНИОТ ИЗБОР ЗА УСТАВЕН СУДИЈА: „Апсолутно секогаш имала влијание“

ЗА АДВОКАТОТ НА ПАЛЕВСКИ, ПОСТРАШНО Е ДА СЕ БРАНИ ПЕДОФИЛ ОТКОЛКУ УБИСТВО НА ДЕТЕ: „За мене е пострашна работа детето да остане живо и цел живот да има трауми од некој педофил што го нападнал“

„А САКАМ ДА ГИ СЛУШНАМ МОИТЕ СОГРАЃАНИ МАКЕДОНЦИ“: Османи сакал да молчи, на тој начин реагира на назначувањето на Богоевски

(ФОТО) Демолирана нова детска градинка во Бутел пред да биде отворена

„Кој е следен?“ протестираше пред Влада: Не е важно кои сме, туку што бараме!

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

Заменик-министерот Ристески: Ме касна куче, ама не земав пари

Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари, општината ги повика да тужат
