Македонија има резерви на нафта само за 34 дена, наместо за три месеци!
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2012 20:35
„Во текот на 2011 година, Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта остварила приходи во износ од околу 8,1 милиони евра по основ на наплата на надоместоците што производителот и увозниците на нафта и нафтени деривати го плаќаат при нивно пуштање во промет и увоз. Сепак, ревизијата како резултат на невоспоставената евиденција на обврските и побарувањата не била во можност да добие доволен соодветен ревизорски доказ за комлетноста и точноста на приходите“, стои во ревизорскиот извештај.
„Статутот на дирекцијата со кој се регулира работењето, надлежностите на органите за управување и деловникот за работа УО на дирекцијата не се усогласени со измените на законот за задолжителни резерви на нафта. Неусогласеноста на статутот и деловникот создава можност за преземање на активности и донесување акти кои не се во рамките на законски предвидени надлежности“, утврдил Државниот завод за ревизија. Кршење на законот за јавни набавки Неправилности заводот за ревизија утврди и кај постапките за јавни набавки кои ги спроведувала Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта. „Вршени се набавки на стоки и услуги просечно месечно во износи повисоки од 500 евра во денарска противвредност без ДДВ, што не е во согласност со член 11 од Законот за јавни набавки. При изборот на фирма за дизајн и изработка на лого, веб страна и нејзино одржување - избрана е понуда која не ги содржи сите елементи од понудата кои ја сочинуваат вистинската вредност, согласно тендерската спецификација“, констатирале ревизорите. И Европската комисија со укажување до властите Дел од нерегуларностите кај Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта се нотирани и во последниот извештај на ЕК, каде е забележано дека на почетокот на 2012 година, државните нафтени резерви се зголемени малку, но се уште се за просечна потрошувачка од само 34 дена, наместо законските 90 дена.. И.М.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања





