Добивај вести на Viber
Народната банка досега не забележела или регистрирала нелегални трансакации преку банкарските канали, но доколку има индиции за спорни зделки со Панама, преку следните контроли во банките, супервизијата ќе стави посебен акцент на тоа, велат од Нраодната банка на Македонија. Досега ниту една институција од областа на спречување и контрола на финансовиот криминал и перење пари не побарала логистика, односно информации од НБМ за аферата “Панамски документи“.
Институциите не побарале информации од НБМ за “Пансамските документи“….
До сега на адреса на Народната банка не пристигнало какво било барање за размена и давање на информации од страна на надлежните институции од областа на битката против финансискиот криминал и перење пари, а поврзани со случајот “Панамски документи“, велат од Народната банка.
“Управата за финансисоко разузнавање е надлежена да постапува по индиции и наоди за сомнителни транскации.Ние редовно комуницираме и разменуваме информации со сите надлежни институции, и за конкретниов случај до овој момент до НБМ нема стигнато било какво барање за логистика или давање на информации поврзани со “Панамски документи“, посочуваат од Народната Банка.
Од таму велат дека се спроведуваат редовни супервизорски контроли во банките, и во делот на нивните системи за заштита и контрола на текот на парите и досега од страна на тимовите на НБМ не се забележани нелегални трансакции. Народната банка засега не најавува било каков вид на вонредни или инцидентни контроли кои би биле инцирани од сканадлот со “Панамските документи“.
“Досега не сме забележеле нелегални трансакции, од досегашната статистика тоа не се чести транскации со офшор дестинациите. Ние немаме надои дека “таа и таа“ транскација е нелегална. Веруваме во инститициите и во системот и досега немаме наоди за незакоснки дејства. Доколку има индиции за спорни зделки во следните контроли ќе се стави посебен акцент. Народната банка ги следи и транскациите преку Странските директни инвестции, постојано ги гледаме овие движења и таму има основ за сите направени приливи и одливи“, објаснуваат од Народната Банка.
На прашањето “Дали НБМ може да посочи пример за превземени санкции против некоја домашна банка поради откриени или констатирани нелегални трансакции“, надлежните одговорија:
“Немаме барање за било какви санкции, но доколку некоја банка направи односно спроведе спорни трансакции и тоа се констатира од страна на надлежните инститиции, тогаш НБМ превзема мерки кон банката, менаџментот, но досега таков пример од такви размери не сме имале“.
Од Народната банка велат дека досега немаат добиено било какво барање за информации и од страна на Специјалното јавно обвинителство.
Како и по кој основ НБМ ги контолира банките...
Народната банка има задача редовно, детално и методолошки да го надгледува и контролира работењето на банките, особено нивното работење во однос на три закони: Законот за девизно работење, Законот за банки и Законот за спречување перење пари, објаснуваат од НБМ.
Централанта банка, односно супервизијата спроведува два вида на контроли, прво каква е усогласеноста на банката со прописите и второ, контрола на ризици. Контролите се спроведуваат еднаш во годината од страна на девизни инспектори кои практично се задолжени за тие теренски инспекции. Предмет на овие контроли се сите банки а се спроведуваат во траење од една до пет недели, во зависност од големината на банката. Од НБМ велат дека при супервизија на банките претходно се анализира структурата на клиенти.
“НБМ, меѓудругото ги оценува системите за спречување перење пари, на пример. Се оценува потенцијалниот ризик, дали тој постои за вакви случаи, пришто напјпрво ние правиме анализа на клиентската база, дали во таа банка доминираат резиденти или нерезиденти, дали тоа се вработени од јавен сектор, дали има клиенти од ЕУ или од офшор дестинации, значи многу е важна и структурата“, објаснуваат од Народната банка.
Банките, според домашната законска регулатива имаат обврска за особено внимание и протоколи кога станува збор за склучување на деловен однос со клиенти кои соработуваат, односно имаат било какви релации со оф-шор дестинации. Банката во вакви случаи прави детални анализи, од секој може аспект, односно мора да се знае точниот идентитет на лицето или фирмата, и тоа да се верификува од страна на независен извор.
Минатата година до Агенцијата за финансиско разузнавање биле доставени вкупно 174 сомнителни трансакции, од кои 154 се доставени со сомнение за перење пари и 20 со сомнение за финансирање на тероризам.
Д.А.