05 Декември, 2025
0.0350

Македонија ќе добие закон за инфраструктура на просторни податоци

Објавено во: Македонија 24 Април, 2013 14:01

Добивај вести на Viber

Закон за инфраструктура на просторни податоци ќе добие наскоро Македонија со што, покрај Хрватска, ќе биде една од првите земји во регионот која ќе има законска рамка за оваа област што е еден од предусловите за исполнување на европските директиви.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески денеска изјави дека Нацрт-законот е веќе изготвен и наскоро се очекува негово усвојување и донесување од страна на Владата и Собранието.

- По донесувањето на законот, 17 институции ќе треба да ги изработат потребните геопросторни податоци што ќе бидат инкорпорирани во владин геопортал со кој, согласно законот, ќе управува Агенцијата за катастар на недвижности. Откако ќе се конституира тој ќе може да се поврзе со геопросторните податоци на земјите членки на Европската унија, рече Трпески во рамки на денешниот регионален форум Inspiration.

Според Фриц Кроис, менаџер на проектот, Македонија е една од земјите во регионот која бележи напредок во оваа сфера.

-  Македонија е на добар пат да остане една од земјите кои во овој поглед се на прво место. И честитам за напредокот што го направи за релативно краток период. Минатиот пат кога во октомври бевме во Македонија беше формирана само работна група, а сега веќе има нацрт на нов закон, изјави Кроис.

Во Хрватска, која од 1 јули ќе стане членка на ЕУ, предлог-законот веќе е разгледан од страна на хрватскиот Сабор и се очекува негово изгласување во петок.

- Геодетските податоци се едни од двигателите на стопанството на која било држава. Тие се едни од темелите на економскиот развој на секоја држава и доколку не водиме грижа за нив тогаш нема да имаме напредок во економијата и стопанството. Кај нас предлог-законот веќе е разгледан од страна на хрватскиот Сабор и тој во петок ќе биде изгласан. Тоа е наша обврска поради приклучувањето кон Европската унија на 1 јули годинава, истакна Данко Марковинович, директор на Државната геодетска управа на Хрватска.

Покрај Македонија и Хрватска во проектот  Inspiration се вклучени и останатите држави од поранешна Југославија и Албанија и Косово. Проектот има за цел да ја зголеми размената на просторни податоци како и институционалната и техничката помош меѓу земјите од Западен Балкан.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот