13 Декември, 2025
0.0305

Maкедонија лежи на „црни дијаманти“, а нема кој да ги собере

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2020 07:25

Добивај вести на Viber

Македонија е богата со тартуфи, посебно распространет е црниот тартуф, но малку луѓе ги собираат овие скапи печурки, од кои килограм достигнува цена и по неколку илјади евра.

Оние луѓе кои се занимаваат со оваа работа, велат дека активните собирачи се околу 20, а за да се извадат тартуфите од под земјата, потребни се дресирани кучиња. Дел од македонските граѓани ги купуваат и консумираат, а количини од тартуфот кој е собран одат и за извоз претежно за италијанскиот пазар.

„Во Македонија има тартуфи, од повеќе видови и ги има насекаде. Јас веќе 7-8 години се занимавам со собирање, и можам да кажам дека од оваа работа може да се живее, но ако собирачот се посвети и се фокусира само на оваа работа. Го работам црниот тартуф и годишно собирам од 50 до 100 килограми. Самоук сум, но со малку упорност, се успева“, вели Круме Димков од Велес.

Николај Костовски од Скопје, кој е добар познавач на тартуфарството објаснува дека она што треба да го знаат луѓето е дека отровен тартуф нема, а од 70 видови, 7 се комерцијални и наоѓаат широка примена во кулинарството.  Во нашата кујна оваа печурка нема значајно место, но се користи во италијанската, шпанската и француската кујна.

„Летниот тартуф во Македонија го има во енормни количини, го има насекаде. Последните 5-6 години се шири дејноста и има повеќе собирачи. Очекувам дека државата ќе ја регулира оваа дејност, преку издавање на дозволи. Да се знае кој, каде, во кои делови од шумите, како и на кој начин ги вади тартуфите. Кога ќе се регулира, сите ќе имаат бенефит од тартуфарството, и државата и тартуфарите. Кога ќе се извади тартуфот, таа дупка не треба да стои отворена, туку да се закопа, инаку идната година вие нема да имате тартуф на тоа место“, објаснува Костовски.

Во регионот имаше и немили настани, па дури и убиство во Србија, и буквално се води „војна“ меѓу собирачите на овие скапи печурки. Но, Костовски додава дека такви настани има во земји каде тартуфарството не е регулирано. Апелира дека државата треба да покаже поголема грижа, и тартуфарството да го стави под своја капа. Во Македонија веќе има и плантажи засадени со тартуфи, нешто што е пракса во регионот и светот. Тартуфите се многу здрави бидејќи ги обновуваат мозочните клетки и го јакнат организмот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс