Македонија може, но не ги користи водените потенцијали за производство на струја, до кога?
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2013 07:49
“Од хидропотенцијалот во Македонија досега се изградени хидроелектрани со вкупна инсталирана моќност од 580 мегавати и со просечно производство од околу 1.500 гигават/часови (GW/h) што претставува 27% од расположивиот потенцијал. Планирано е искористување на дополнителни хидроелектрани со производство од околу 2.500 GW/h со што вкупното производство би изнесувало 4.000 GW/h или 73% од расположивиот технички потенцијал. И покрај одредени административни проблеми како и проблеми со нејасната хидрологија на локациите, реално се очекува изградба на вкупно 80 мегатави електрична енергија од хидроелектрани со производство од 210 гигават/часови годишно до 2020 година, односно од 420 гигавати до 2030 година”, напишаа дел од енергетските експерти од земјава пред две години, во енергетската стратегија на Македонија, документ кој МАНУ го изработи за Владата, за да и предочи што се треба да се направи во енергетиката до 2030 година.Паметните држави вложуваат во инфраструктурни прокети кои носат развој! Погубни се податоците и за неискористената биомаса, ветерот, геотермалната вода, бесплатните и еколошки чисти извори на енергија, кои Македонија речиси и да не ги користи, а од кои може наместо нето увозник да стане извозник на електрична енергија. На Македонија и требаат милијарда евра за да ги реализира проектите од обновливите извори на енергија и четири милијарди за да ги изгради клучните термо и хидроцентрали кои со години се “ТОП приоритет“ на оваа, но и на претходните влади. Апсурд е што Македонија со дури 280 сончеви денови годишно, не го користи овој бесплатен извор на енергија. Земјава не го искористува ниту потенцијалот на ветерот, водата ниту пак, на отпадот од кои “паметните” држави произведуваат енергија. До 2020 година Македонија има обврска пред Европската енергетска заедница, 20% од вкупното производство на енергија да биде од обновливите извори. Но, што ќе се случи ако во следните 10 години земјава не работи според зацртаната динамика? Експертите имаат различни предвидувања, но повеќето се едногласни дека државата слабо се ангажира кога е во прашање реализацијата.
„Уште еден апсурд е што Македонија веќе 20 години само размислува како да ги искористи своите предности, но не гради објекти на кои можат да се вградат сончеви колектори. Од друга страна пак, земји со многу малку сонце, како Австрија, Германија, Франција се лидери во искористувањето на сонцето како енергија. Македонија во овој момент сончевата енергија ја користи исклучително малку, дури и не влегуваме во ниту еден европскки билтен. Неопходни се поголеми субвенции, стимулации, даночни олеснувања и изградба на нови објекти”, оценува Илија Насов, универзитетски професор.Климатските карактеристики- висок интензитет на сончево зрачење како и неговото времетраење, температурата, влажноста, овозможуваат поволни услови за успешениот развој на сончевата енергија, велат експертите. Според нив, континенталната клима со жешки и суви лета ја прави Македонија земја со повисок потенцијал за искористување на сончевата енергија од просечните Европски земји. К.П.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





