05 Декември, 2025
0.5353

Македонија на 75-то место по резерви во злато

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2012 17:04

Добивај вести на Viber

Светскиот совет за злато состави нова листа на земји кои имаат најголеми резерви на злато. Според податоците од нивниот извештај, централните банки низ целиот свет купиле 157,5  тони злато во вториот квартал, што е за 65 отсто повеќе отколку во првиот квартал . Во споредба пак со минатата година има зголемување од 137,9 отсто . Од  земјите во регионот најмногу злато има во Грција , која се наоѓа 32 –то место со 111,8 тони злато. Следна е Србија на 59-тото место  со 14,8 тони злато, потоа следува Македонија на 75 –то место со 6.8 тони залто.  Словенија е на 86 место со 3,2 тони злато додека Босна и Херцеговина се на 93 место со 2 тони злато. Хрватската  ја нема во топ 100- те земји , бидејќи златните резерви на Народната Банката ги продаде пред 11 години. Прва е  САД. Според официјалната статистика, постојат 8,133.5 тони злато, што е највисока бројка уште од 1952 година, кога пак имале повеќе од 20 000 тони злато. Процент на девизните резерви во злато е 75,4 отсто. Втора е Германија која има  3,395.5 тони злато.  Од септември 2011 година  продадени се 4,7 тони злато. Процент на девизните резерви во злато е 72,4 отсто. Трета е Италија со 2,451.8 тони злато. Процент на девизните резерви во злато е 72 проценти. Четврта е  Франција која има 2,435.4 тони злато, процентот на девизните резерви во злато е 71,6 отсто. Петта е  Кина со 1,054.1 тони злато, процентот на девизните резерви во злато е 1,7 проценти. Шеста е Швајцарија со  1,040.1 тони злато, процентот на девизните резерви во злато е 11,5 отсто. Во 1997 година Швајцарските власти решија да продаде дел од златото, бидејќи сметаа дека  не им е потребно за  да се задржи нивото на франкот. Седма е Русија која има 936,7 тони злато.Процентот на девизните резерви во злато на 9,6 проценти. Русија ја гради својата златни резерви од 2006 година. Руската Централна банка обично купува злато на домашниот пазар. Осма е Јапонија со 765,2 тони злато, процентот на девизните резерви во злато е 3,2 проценти. Интересно е дека Јапонија во 1950 година имаше само 6 тони злато. Деветта е Холандија која има 612,5 тони злато. Процент на девизните резерви во злато е 59,8 отсто. Десетта е Индија со 557,7 тони злато и 10 отсто од девизните резерви во злато.  
Повеќе за тоа каде е складирано македонското злато во следнава анализа http://faktor.mk/news/archives/2271 . 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања