Македонија на чекор до формирање Берза за струја!
Објавено во: Економија 29 Јануари, 2013 08:51
“Транспарентноста во работењето, односно транспарентноста во цената на енергијата беше приоритет за нас кога ја формиравме Берзата. Мислам дека важно е секоја земја да има Берза на струја. Овде постојат повеќе можности. Некои земји тоа да го прават сами, некои во соработка со странска берза. Соработката меѓу две Берзи може да биде на различни нивоа, може да биде само преку изнајмување на софтвер, може да биде соработка за делба на трошоците за работата, бидејќи она што е важно да се потенцира е дека трошоците за работа на Берзата за струја воопшто не се мали. Ако Берзата работи само на еден мал пазар ќе има големи трошоци. Така беше и во нашиот случај кога инициравме соработка со странските партнери. Помали се трошоците за работа, а може да се постигнат поповолни резултати заедно, одошто ако работие сами“, изјави неодамна генералниот директор на словенечката Берза за струја (BSP South pool), Горазд Ажман во интервју за “Фактор“.Ажман изјави и дека очекуваат 2012 година да заврши со обрт од речиси 4,5 терават/часови електрична енергија, што е речиси 35%-40% од словенечкиот конзум, што претставува голема истргувана количина на електрична енергија. Во евра тоа би било околу 300 милиони евра промет. Во некои месеци од 2012 година, прометот на Берзата за струја беше поголем од оној на Берзата за хартии од вредност во Љубљана. Македонија досега неколку пати се обидуваше да создаде Берза за струја, токму по примерот на Словенија, но желбата со години чека реализација. Податоците покажуваат дека Романија и Германија се гиганти кога станува збор за берзанско тргување со струја.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





