„Рекордна“ јавна набавка на „Македонија пат“: Ќе треба да истури 60.000 тони индустриска сол за две години
Објавено во: Економија 25 Ноември, 2020
Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта направи рекордна набавка од 60 илјади тони индустриска сол за 7 милиони евра. Третиот тендер по ред во последните четири години го добива демирхисарската фирма „Димакс рудници ДООЕЛ“ а договорот е во траење од две години.
Ова е убедливо најголемата набавка до сега за добитникот на јавната набавка, а претходните два вредеа 2,4 милиони евра пред две години, кога беа набавени околу 20 илјади тони индустриска сол, и 1,4 милиони евра во 2017. „Димакс рудници“ редовно обезбедува и други материјали и услуги за поранешната „Македонија пат“.
Ова е рекорден издаток на јавното претпријатие, кое минатата година остварило приход од 1,085 милијарди денари, а поголемиот дел од средствата се од јавното претпријатие „Државни патишта“. Добивката, односно недотрошените пари кои лани останале неискористени изнесуваат 46 милиони денари, односно повеќе од двојно во однос на една година претходно.
Претпријатието лани потрошило 376 милиони денари за набавка на индустриска сол и ризла за зимско одржување, боја за бележење и битумен за санирање на оштетен пат, како и други материјали и суровини. Залихата на суровините и материјалите за една година од крајот на 2018 до крајот на 2019 се зголемила од 164 на 210 милиони денари.
„Македонија пат“ има обврски од 1,8 милијарди денари од почетокот на годинава. Зголемени се и кон добавувачите (716 милиони) и како неисплатени штети по извршни решенија (165 милиони), додека намалени се за ДДВ поради исплата од ЈП „Државни патишта“.Од достапните јавни податоци се гледа дека на „Димакс рудници“ добро и оди со „Македонијапат“, особено кога станува збор за продажбата на сол. Имено, овие три тендери на „Димакс“ и носат вкупен приход од над 10 милиони евра. Оваа компанија од 2014 година до сега добила десетици тендери од „Македонијапат“. Другите тендери се за набавка на потребен материјал за дејностите што го вржи „Македонијапат“ и се однесуваат на одржување на автопатите во земјава.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.