29 Септември, 2024
0.0270

Македонија помеѓу Русија и Америка

Објавено во: Анализа 12 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Изразениот отворен судир помеѓу двете најмоќни држави во светот Русија и Соединетите Американски Држави ги натераа државите во светот да зафатат страна. Дали Русија успеа да ги раскара САД и ЕУ или американците успеаа да ја придобијат ЕУ на своја страна. Воведувањето на санкции кон Русија од страна на Брисел, според аналитичарите во фубалски жаргон значи водство на САД од 1:0, но велат ова е само прво полувреме, ќе има и второ Пред да избувне украинската криза, Русија со серија проекти, но и понуди со силен финансиски импакт во одредена мера ја разнишаа американската доминација на Балканот. Каде е Македонија во целата приказна? Фактор, разговараше со Мирче Адамчевски, поранешен дописник од Москва за Нова Македонија.  Мирче Адамчевски: ќе има и второ полувреме Од целава оваа ситуација, можам да насетам дека Обама води во првото полувреме, но чинам дека ќе има и второ полувреме. Русија сакаше да ја раскара ЕУ со САД, но и Америка беше со идентична намера, ама во случајов победи Америка. Деновиве во јавноста се пласираше и веста дека Русија го одреди списокот на нови испорачувачи на прехранбени производи, кои треба да ги заменат производите од земјите кои се под ембарго. Министерот за земјоделство, Николај Фјодоров изјави дека овошјето и зеленчукот во Русија отсега ќе доаѓа од Азербејџан, Ерменија, Узбекистан и Таџикистан. На рафтовите во руските продавници ќе се најдат прехранбени производи и од Турција, Иран, Србија, Египет и Мароко. Можеме ли ние да ќариме нешто? Економски гледано Македонија не може да направи ништо повеќе од она што досега го извезуваше во Русија. Земјава нема производство за извоз ниту за еден кварт во Москва. И она малку што сега го извезуваме е преку Србија и Бугарија затоа што овие две држави имаат договор за слободна трговија, секако заради тоа ние им плаќаме одредеба сума. Што се однесува до договорот за слободна трговија во 90-тите години Русија и понуди на Македонија договор, но ние го одбивме. Иако, после извесно време (во 90-тите) поранешниот претседател на државата Киро Глигоров им понуди договор, тогаш Русија не сакаше. Македонија да го следи примерот на Словенија Македонија треба да го следи примерот на Словенија. Да игра одлично и со НАТО и со ЕУ и со Русија. Словенија има огромна трговска размена со Русија скоро милијарда долари. Рускиот претседател Владимир Путин воведе стратегија за освојување на Балканот со економија и култура. Русија доследно ја спроведува политиката, промовирана од Путин во неговиот прв мандат, во поглед на Балканот. Култура и економија. Владимир Путин кога прв пат дојде на власт беше помирен со фактот дека Русија ја изгуби политичката битка за Балканот и ја промовираше својата нова политика. Резултатите од неа се гледаат денес. Во сите земји има некоја форма на руски културни домови, а Словенија е и претседавач на асоцијацијата на славјанските земји. И.М.