15 Јануари, 2025
0.0278

Македонија промовира екстремен туризам на саем во Берлин

Објавено во: Економија 08 Март, 2013

Добивај вести на Viber

На најголемиот саем за туризам во Берлин, Македонија се обидува да го привлече вниманието со понудите за екстремен туризам, византиските и балканските тури со соседите. На годинашнава туристичка берза во Берлин, меѓу над 10.000 излагачи од 180 земји, во халата 11 се претставува и Македонија. Со штанд на кој доминира макетата на Охридската куќа и неколкуте пултови со рекламен материјал, презентирана е понудата на агенциите „Визит Маседониа“, Албтурс, Карачи, Максан, Бадем Тур... Настапот го организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, чиј претставник Никола Костадинов за Дојче веле вели дека Берлин е само еден од 17-те саеми каде годинава се претставува туристичката понуда на земјата. Адекватно со зголемената презентација, според него, расте и бројот на гости од странство. Во престојнава сезона акцентот ќе го дадат туристите од Финска и Шведска, а присуството во Берлин ќе се искористи за контакти со тамошните туроператори ГТВ, Вино Травел, ФТИ и Икарус. Идејата е и тие да се заинтересираат за организирање чартери за Македонија, кои без сомнение се мамка ако се знае дека државата субвенционира по 65 ера за секој странски гостин. „За разлика од изминатите години кога во фокусот беа Охрид и Охридската ривиера, годинава е малку поразлично. Шансата да се обноват и засилат веќе постоечките контакти во Берлин, очекуваат да ја искористат претставниците од неколкуте туристички агенции кои веќе ги чувствуваат досегашните позитивни ефекти од европскиот и светскиот пазар. Ако во добрите стари туристички времиња Холанѓаните беа тие кои ги открија и уживаа во Охрид и Македонија, последниве години, земјата е откровение за вљубениците во екстремните спортови од земјите на германското говорно подрачје, но и на познавачите на византиска култура од далечната Јапонија. Покрај нив во Македонија и на Балканот доаѓаат и туристи од Австралија, Кореја, Турција“, пренесува Дојче веле. На туриститет им се нуди и бајкинг турата за екстремни терени во Македонија. Стефан Керазовски, директор на „Визит Маседонија“ од Скопје вели дека од година во година има се повеќе туристи од Германија, Австрија, Израел, Јапонија, Тајван. „Нашата ориентација е алтернативниот туризам, природата, планинарењето, а годинава првпат организираме бајкинг тури по екстремно тешки терени. Овој вид туризам не се работи година за година, што значи дека за туристите кои годинава ќе возат велосипеди на тешки терени, програмите се сработени пред една-две години. Годинава наши гости се авантуристи со велосипеди од Австрија, Германија, Израел. Има различни тури од седум дена и се вози од Попова Шапка, по патека од 18 километри до Маврово, па оттаму до Галичник. Или од Галичник до Лазарополе, па потоа Охрид. На Галичица, стартот е во Велестово, па се вози по сртот се’ до Пештани. Интересен е и Пелистер, каде трасата води од врвот до Преспанското Езеро“, истакнува Керазовски. Цените на овие бајкинг тури зависат од времетраењето, услугата и бројот на гостите, зашто станува збор за специфична организација, која не е масовна и каде има максимум до 10 луѓе кои се водени од експерти. Цените на десетдневните тури за вљубениците на екстремното чинат меѓу 500 и 600 евра. Зихангир Бадем вели дека преку „Бадем тур“ од Скопје која ја претставува во Берлин, цели 12 месеци во Македонија пристигнуваат гости, главно од Турција, Холандија, Кореа, Австралија. Има особено интересирање за т.н. „балкански тури“ низ дел од поранешна Југославија и Албанија и тоа во периодот април – мај. Гостите доаѓаат со авиони до Скопје, па шетаат со автобуси низ Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина. За туристите од далечната Австралија се нуди „комплетен Балкан“, од Загреб до Истанбул, во траење од 14 дена. За Јапонците ваквите тури чинат меѓу 3.500 и 4.000 евра, а во цената е опфатено буквално се, објавува Дојче веле.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања