25 Ноември, 2024
0.0263

Македонија, рударско „Елдорадо“ или совршена пишман дестинација!?!

Објавено во: Економија 27 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Што ги предомислува инвеститорите да не ги експлоатираат рудните богатства во Македонија, иако на почетокот повеќето од нив уверуваат дека делови од земјава се “Елдорадо“?! Катерина Попоска Министерството за економија раскина дури 46 договори за концесија за експлоатација на различни минерални суровини во последнава година. Причината е или пишманењето на потенцијалните инвеститори да го експлоатираат рудното богатство во земјава или раскинувањето на договорите од страна на Владата поради недисциплинираноста на инвеститорите-навреме не го плаќаат концесискиот надоместок. На претпоследната владина седница премиерот Никола Груевски ги раскина договорите со Мермерниот комбинат од Прилеп за експлоатација  на мермерот од локалитетите Козјак и од Чашка, и двете од општина Прилеп. “Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина мермер од лежиштето Козјак, општина Прилеп од 10.10.2007 година, еднострано се раскинува по барање на концесионерот Акционерското друштво за производство, преработка, трговија и монтажа на украсен камен Мермерен Комбинат АД Прилеп, заради немање на економски интерес за натамошно извршување на концесијата“, стои во Службениот весник на Македонија. Иста е и причината за раскинување на договорот со мермерниот комбинат од Прилеп и за локалитетот Чашка. Според информациите од Министерството за економија, од 46-те одземени концесии 7 се за кварц, 13 за минерална вода, 9 се за минералната суровина – варовник, исто толку за укарасен камен ( мермер, гранит и травертин), 4 се за песок и чакал и 5 од одземените концесии се за минералната суровина глина. “Со заклучок на Владата, Министерството за економија ја започна постапката за доделување на концесии за експлоатација на минералните суровини во земјава. Локалитетите каде што ќе постојат услови за повторно доделување на концесии ќе бидат дел од јавниот повик кој ќе се објави во текот на јануари 2013 година“, објаснуваат од Министерството за Фактор. Но, оттаму не добивме одговор кои се останатите инвеститори, покрај мермерниот Комбинат од Прилеп кои го изгубија правото да експлоатираат минерални суровини. Нема одговор ниту на прашањето кои од инвеститорите не платија навреме концесиски надоместок на буџетските сметки на општините и државата и колкав е тој износ. Помалку инвеститори-помалку пари во буџетот Концесискиот надоместок за експлоатација на минералните суровини се плаќа според површината на која е доделена концесијата за експлоатација и за самата експлоатација. “Концесискиот надоместок за користење на површината каде ќе се експлоатира минералната суровина концесионерот е должен да го плаќа за секоја година поодделно, а најкасно до 31 декември во тековната година. Плаќањето на концесиските надоместоци за експлоатација пак, се врши на секои три месеци за продадените количини на минералните суровини од страна на концесионерот, односно концесионерите се должни плаќањето на овие надоместоци да го извршат најдоцна до 15-ти во месецот кој што следи, а по истекот на трите месеци кои служат како основа за пресметка. Надзорот над плаќањето на надоместоците за вршење на детални геолошки истражувања и за концесија за експлоатација на минерални суровини го врши Управата за јавни приходи“, велат од Министерството. Иако во јуни годинава министерот за економија, Ваљон Сараќини, објави дека турскиот инвеститор Курум Холдинг со понудени два милиони евра го доби тендерот за експлоатација на железната руда од кичевско Тајмиште, во септември Владата ја повлече одлуката. Турските инвеститори не уплатија навреме два милиони евра како еднократен надоместок за добиената концесија за експлоатација на рудата од кичевско Тајмиште, поради што Владата го раскина договорот со Турците. Според последниот тендер, концесионерот на овој рудник имаше обврска да отвори фабрика за преработка на железната руда и да вработи околу 1.000 луѓе во првите пет години. Курум холдинг најави и дека може веднаш да изгради не една, туку две фабрики за преработка на рудата, но плановите не доживејаа реализација. Последните податоци во јавноста се дека Тајмиште крие високо квалитетна железна руда доволна за рудникот да работи во следните 150 години. Иако за рестартирање на кичевските рудници Тајмиште и Стогово има неколку заинтересирани инвеститори, од Министерството за економија се уште не кажуваат кои се новите можни инвеститори кои ќе ги рестартираат двата рудници.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување