Добивај вести на Viber
Ниту со досегашните ребаланси на буџетите ниту со досегашните задолжувања не видовме дека се трошат пари за реален раст на економијата. Без економски раст од 5% а со сегашното темото на задолжување, Македонија гази на должничкиот пат по кој одеше Грција, вели Менди Ќура, потпретседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.
“Стопанската комора на Северзападна Македонија постојано ја изразува својата загриженпст во врска со актуелната политичка состјба и нејзиното влијание врз еконпмијата, но како и секогаш овие "аларми" на СКСЗМ не беа земени во предвид од страна на политичките актери во земјата, и сега сме во позиција на намалување на средствата за инвестиции на една од главните артерии во сообраќајот и економски развој, Коридорот 8 како клучен коридор за рамномерен регионален развој на земјата.
Оваа политика на власта покажува дека таа по секоја цена сака да го достигне нивото на Јавниот долг од 60% во однос на БДП, не земајќи ја во предвид причината зошто се кредитира односно за што ќе ги користат овие средства. Алармантно е и зголемувањето на долгот, каде што, во рок од 7 ипол години сме задолжени за околу 2 милијарди евра, што е речиси 65% од тековниот буџет, или во прсек по 300 милиони евра а тука е буџетскиот дефицит кој постојано се зголемува.
Ако тоa се собере, овој факт покажува дека ние имаме финансиски јаз од 580 милиони евра годишнo, или 25% од буџетот, вклучувајќи ги само кредитите преку еврообврзници. Врз основа на овој тренд, ако ние немаме постојан економски раст од над 5% во наредните години, Македонија по 2020 година би можела да се најде во состојба како нашиот јужен сосед Грција, и тоа со услов да нема нови задолжувања , состојба која што никој од нас не би сакал да се случи“.
Д.А.