Maкедонија се соочи со пад на БДП каков немало од воената 2001, Заев сепак е оптимист
Објавено во: Економија, Корона Вирус 07 Септември, 2020 16:54
Oгромен пад регистрира македонскиот Бруто домашeн производ.
Статистика објави дека стапка на раст од минус 12,7 отсто, е пад кој не е забележан од 2001 година, кога земјата се соочи со воен конфликт.
Премиерот Зоран Заев е оптимист. Вели дека нашата економија 60 проценти е поврзана со европската економија и голем дел од работите не зависат само од нас. Како пример посочи дека и германската економија има голем пад.
Според Заев, БДП е во согласност со проекциите, а параметрите покажуваат дека добро се справуваме со економските состојби. „Но, во вториот квартал имаме и раст во неколку гранки како што е земјоделството и неколку други што покажува дека домашниот перформас е добар во вториот квартал и верувам дека ќе се задржиме на севкупниот пад на БДП да биде еден од најслабо погодените во регионот со намалување не повеќе од минус четири проценти во вкупниот раст“, изјави Заев. Извозот на стоки и на услуги се намалил за 32 отсто, а увозот на стоки и на услуги има намалување во номинален износ од 30,2 отсто.
Во првиот квартал, пред да почне кризата со коронавирусот во март, БДП имаше раст раст од 0,2 отсто.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




