05 Декември, 2025
0.0519

„МАКЕДОНИЈА СЕ УШТЕ Е БЛОКИРАНА ОД БУГАРИЈА“: Вајц се надева на уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот за европски напредок на земјата

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2025 08:10

Добивај вести на Viber

Македонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има одреден напредок, но засега се уште ни недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. 

- Северна Македонија се уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што го блокираат нејзиниот напредок, истакна Вајц во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР), од која дел е и МИА. 

Вајц изрази надеж дека по локалните избори ќе бидат „направени потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница во Уставот како малцинство“. 

- Тоа ќе го отвори патот за вистинско започнување на преговорите. Мислам, таа сега е земја опфатена со пристапниот процес, но всушност ги немаме започнато преговорите. Треба да ги започнеме наскоро за да ја одржиме земјата на вистинскиот пат, додаде Вајц. 

Во однос на останатите земји кандидати за членство во ЕУ од Западниот Балкан, Вајц посочи дека Црна Гора има шанса да стане 28 членка на Унијата до 2029 година бидејќи брзо ги спроведува реформите, а неа ја следи и Албанија, која покрај во реформскиот процес напредува и во борбата против корупцијата и во владеењето на правото.  

За Босна и Херцеговина, Вајс вели дека е во тешка ситуација поради нестабилноста и „недостигот на модерна граѓанска држава“, додека Србија и Косово ќе мора да се помират и да се признаат меѓусебно или во спротивно ќе останат блокирани на нивниот пат кон Европската Унија. 

- За жал, патот за Србија не е блокиран само поради старата приказна со Косово, туку и поради сегашното назадување кога станува збор за владеењето на правото и демократските стандарди. Политиката што ја води сегашната (српска) Влада не ги подобрува демократските стандарди, туку спротивното. Не ја зголемува слободата на медиумите, туку спротивното. Ја намалува и независноста на правосудството, изјави Вајц. 

Според него, на овој начин Србија станала „еден вид заробена држава“, при што државните институции се главно заробени од партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ. 

- Но, ако сакаме да го внесеме регионот во Европската Унија и ако сакаме да го помириме, мора да разговараме со Србите. Тоа, според мене, не ја вклучува секогаш српската Влада, бидејќи се сомневам дека Владата на Александар Вучиќ навистина сака да се приклучи кон Европската Унија, вели европратеникот од редовите на Зелените.  

Вајц додава дека Вучиќ прави нешто што тој лично „не би му го препорачал на ниту еден политичар“ - седи не само на две, туку на најмалку три столчиња.  

- Не знам дали претпочита наклоност кон Кина, кон Русија или кон Европската Унија, или пак можеби само кон „српскиот свет“, што би сакал да го изгради со вклучување и на некои делови од соседните земји, додаде Вајц во изјавата. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите