17 Декември, 2025
0.0732

МАКЕДОНИЈА ШТЕДИ, ИНСТИТУЦИИТЕ ЌЕ СЕ ГРЕАТ САМО ДО 20 СТЕПЕНИ, Министерот Бектеши најави сет мерки за намалување на потрошувачката на енергија

Објавено во: Економија 16 Август, 2022 15:09

Добивај вести на Viber

Сите јавни институции се должни да го исклучат декоративното осветлување. Да не се користи осветлување во период кога има доволно светло. Климатизерите не смеат да ладат под 27 степени, а просториите не смеаат да се греат на температура над 20 степени во ладните месеци. Ова се дел од мерките кои јавните институции ќе треба да ги применуваат за намалување на потрошувачката на енергија како што најави Министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој потенцираше дека целта на мерките кои се најавуваат е намалување на потрошувачката на енергија за 15 проценти во споредба со истиот месец претходната година.

-  На денешната седница на Владата, се донесе сет мерки за намалување на потрошувачката на електрична енергија за безбедна зима за сите нас. Како што напоменав, прогнозите се дека ќе преживееме една од најтешките зими, не само ние, туку сите во Европа и светот. За непречено снабдување со енергија и нејзино ефикасно искористување, и за полесно справување со криата, подготвен е план и препораки за безбедно снабдување. Повеќе категориии, зависно дали се работи за домаќинства, компании или за јавни објекти под надлежност на јавни институции. За домаќинствата и компаниите има само препораки до кои ќе треба да се придржуваат – посочи Бектеши.

Министерот напомена дека целта е да се намали потрошувачката на електрична енргија од 15 проценти, што доколку не се исполни ќе има санкции за сите раководители на институции со посебна одлука на Владата.

-  Сите јавни институции се должни да го исклучат декоративното осветлување. Да не се користи осветлување во период кога има доволно светло. Климатизерите да не се местат пониско од 27 степени за ладење, не над 20 степени за греење. Се препорачува кратко луфтирање, исклучување на светилки кога не се користи просторијата, печатење само на неопходни листови. Замена на стари сијалици со нови поефикасни. Редовно да се менуваат филтрите на клима уредите. Инсталирање на колекторски систем и за загревање на вода, старите прозорци да се заменат со нови да се намали провевот. Да се инсталираат интелигентни решенија за енергетскат ефикасност – посичи Бектеши.

За реалиација на овие мерки, тој истакна дека ќе треба сите институции да делегираат лице кое ќе се грижи за спроведување на мерките, со цел да се намали потрошувачката за 15 проценти во споредба со истиот месец од претходната година. Ќе имаат задолжување да испорачуваат извештаи за исполнување на мерките.

Мерките ќе се применуваат од 1 септермври, до 31 март 2023 година.

Тој исто така посочи дека препораките до домаќинствата и до компаниите ќе ги објават на веб страната на министерството.

Во делот на јавни патишта, апелираше да се намали осветлувањето на минимумот, но тоа се мерки во вид на препораки. Министерот апелираше да се пренесат до сите општини со цел да се применат и да се намали потрошувачката на електрична енергија во земајва. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија