07 Октомври, 2024
0.0265

Maкедонија слави 28 години независност

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

На 8 септември 1991 година во Република Македонија се одржа успешен референдум по кој беше прогласена независна Република Македонија, која дотогаш беше во рамките на СФРЈ.

На референдумот граѓаните се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. Учествува 1,2 милиони Македонци и други граѓани на Македонија, а според резултатите кои беа објавени речиси стопроцентно беше поддржана самостојноста на Македонија.

Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас. Од нив 95,09 отсто гласаа ЗА самостојна и независна македонска држава.

Текот на Референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност. Во Македонија беше спроведено предреферендумска кампања, а на 2 септември беше објавен заеднички проглас на парламентарните и вонпарламентарните партии со кои граѓаните беа повикани масовно да излезат и да се изјаснат ЗА на Референдумот.

Партиите на Албанците ПДП и НДП не го поддржаа прогласот. Поддршка на Референдумот изрази само Унијата на албанската интелигенција. Во кампањата на Референдумот се вклучи и Македонската православна црква која со семакедонска христијанска, православна молитва, преку божествена литургија, одржана на 1 септември во Соборниот храм Свети Климент Охридски, го обнароди значењето на Референдумот како трето илинденско послание.

Во тој период, поточно на 15 јануари 1992 година, Република Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија. Следуваа признавањето од Турција, Словенија, Хрватска, Русија и Босна и Херцеговина. 

Инаку на Референдумот му претходеше Декларација за независност што првото повеќепартиско македонско Собрание ја усвои на 25 јануари 1991 година формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година.

Сенка врз настаните со кои се појавија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на Референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од страна на пратениците Албанци.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.

Поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето на ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија.

Република Македонија денес има воспоставено дипломатски односи со 158 држави во светот, а под уставното име е признаена од најголемиот број земји меѓу кои и три од членките во Советот за безбедност – Кина, Руската Федерација и САД.

Можеби ќе ве интересира

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи