05 Декември, 2025
0.0672

Македонија со трговски дефицит над 2,2 милијарди долари

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2013 13:05

Добивај вести на Viber

Стоковната размена со странство од јануари до ноември 2012 година изнесува 9.544.306.000 американски долари, при што вредноста на извозот на стоки од Република Македонија изнесува 3.645.344 илјади американски долари, а на увозот 5. 898.962.000 долари. Според податоците на Државниот завод за статистика покриеноста на увозот со извоз е 61,8 отсто, а трговскиот дефицит изнесувал 2.253.619.000 американски долари. Најмногу се извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Најмногу пак се увезувале платината и легурите на платина,  необработени или во прав, суровата нафта, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија. Во периодот јануари-ноември 2012 година, најголемо учество од 62,5 отсто во извозот на стоки имаат земјите - членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан со 24,6 отсто. Во увозот на стоки, исто така, најголемо учество со 58,9 отсто имаат земјите-членки на ЕУ и земјите во развој со 22,2 отсто. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија или вкупно 47,3 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?