19 Декември, 2025
0.0505

Македонија во идна соработка со земјите од Блискиот исток?

Објавено во: Економија 04 Април, 2013 15:07

Добивај вести на Viber

Пазар со огромен потенцијал се земјите од Блискиот Исток и Магреб  и големи се можностите за соработка со македонските компании, истакна денеска директорот на „Макпрогрес“ од Виница, Глигор Цветанов Според Цветанов, иако постои потенцијал за соработка, потребно е признавање на сертификатите за извоз, олеснување на визниот режим и склучување на договори за слободна трговија. Тој оцени дека има потенцијал за соработка  имајќи предвид дека севкупната размена на Европската унија со овие земји е околу 8,6 проценти, а на Македонија е само 0,6 проценти. - Значи дека сме многу далеку од потенцијалот на тие пазари. Досега се пробивавме самостојно и имавме доста проблеми. Ќе се трудиме во следниот период да работиме на зголемување на нашата активност во процесот на приближување на нашите производи кон тие пазари, рече Цветанов. И Горан Јовановски од компанијата „Адинг“, која во 2008 година отвори фабрика во Иран, смета дека потенцијалот на пазарите на Блискиот исток и земјите од Магреб е огромен и треба да се искористи. Вкупната надворешно-трговска размена на Македонија со земјите од Блискиот Исток, Магреб и Заливот во 2012 година изнесуваше 61,4 милиони американски долари, при што е остварен извоз од 18,2 милиони и увоз во вредност од 43,3 милиони долари. Трговскиот дефицит изнесува 25,1 милиони долари, додека покриеноста на увозот со извоз изнесува 42 проценти.  

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра