19 Декември, 2025
0.0582

МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА: Првиот месец слаби ефекти?

Објавено во: Економија 21 Јули, 2016 07:55

Добивај вести на Viber

За  помалку од еден месец вработени се вкупно 120 лица со помош на мерките на Владата од „Македонија вработува“. Компаниите имаат интерес да вработат лица  од различни возрасти и  различни категории. Придонесите за нив ги плаќа државата и со тоа трошоците за фирмите ќе бидат значително пониски. Очекувањата се дека  за една година ќе се вработат од 15 до 20 илјади лица, па оваа бројка од 120 лица засега не е баш за пофалба сметаат експертите. Инаку едно неодамнешна анализа покажа дека оваа мерка на Владата не смее да биде мерка сама по себе бидејќи ефектот на крајот ќе биде слаб. “Оваа мерка најпрво се потпира на владина политика за субвенционирање, ова значи дека државата, преку Буџетот директно учествува со поддршка. Но ако се навлезе длабински, парите што државата ги плаќа за придонесите практично завршуваат во касите, повторно на државните институции, што значи дека се става од лев во десен џеб, во ист кош. Сумираните податоци, трошокот и бенефитот на државата, на крајот упатуваат на тоа дека за неа, за државата ефектот е нула“. Сепак, сумирано, истражувањето покажува дека за седум години вкупниот ефект од оваа мерка ќе изнесува 7,6 милиони евра. “Сумирано, мерката е позитивна со ефект врз економиајта од 7,6 милиони евра. Но перспективно треба да се размислува како да се зголемат примањата што се даваат на вработените до ниво блиско до републичниот просек“, велат економистите. Инаку, од 2007 година, кога се спроведуваат мерките за стимулурање на вработувања, преку државна помош како грант или кредит, вработени се повеќе од 40 000 луѓе.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар