19 Декември, 2025
0.0459

Македонија за едно место погоре, 75-та на листата за конкуреност во туризмот

Објавено во: Економија 07 Март, 2013 13:12

Добивај вести на Viber

Во најновиот извештај на Светскиот економски форум за конкуретноста во туризмот и патувањата Македонија годинава е рангирана на 75. место, што е подобрување за една позиција во споредба со претходната година.

Извештајот опфаќа 140 земји, а е изработен врз основа на повеќе критериуми меѓу кои: политики и законодавство, животна средина и инфрструктура, безбедност, здравје и хигиена и национален третман на туризмот...

Најдобри оценки Македонија има добиено во однос на правната регулатива за туризмот, а забелешки има за заштитата на природното и културното наследство.

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана во извештајот на 32. место е Грција иако бележи пад од три места, Хрватска е на 35. и има пад од едно место, Словенија е 36-та со пад од три места. Црна Гора е на 40, четири места полошо од претходниот извештај, Бугарија е 50. со пад од две места, Албанија е на 77 позиција со забележан пад од шест места. Од регионот Босна и Херцеговина забележала напредок од седум места и се наоѓа на 89. место, а Турција е на 46 место со напредок од четири места.

Најконкурентни туристички земји во светот трета година по ред се Швајцарија и Германија, а следат Австрија и Шпанија. Последни на листата се Бурунди, Чад и Хаити.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар