19 Декември, 2025
0.0474

Македонија земја со најниски даноци во глобални рамки

Објавено во: Економија 18 Март, 2016 10:44

Добивај вести на Viber

Македонија е на прво место меѓу државите со најниски даноци во светот, објави Бизнис Инсајдер. Просечната даночна стапка во нашата земја од 7.4% е најмала на глобално ниво. Македонија е единствена земја во светот, со општа даночна стапка на бизнисот пониска од 10 %. На листата на 29 држави со најниски даноци се забележува концентрација на држави богати со нафта лоцирани на Арапскиот Полуостров. Зад Македонија, втор на листата е Катар, а трет Кувајт, а скоро сите земји од овој регион се рангирани меѓу првите 10 држави со најниски даноци. Од балканските земји, 11-та по ред е Хрватска со просечна даночна стапка од 18.8%. Црна Гора има еден од најниските даноци на добивка од 9% и се наоѓа на 17-то место, додека Босна и Херцеговина е на 21-то место. Последна на 29 место  на листата е Бугарија со просечно даночно ниво од 27%. Порталот ја направи листата врз основа на последното рангирање за глобална конкурентност на земјите од страна на Светскиот економски форум и пресметката за вкупно даночно ниво од Светска Банка. Просечната даночна стапка е збир од данокот на добивка, социјалните придонеси, даноците на труд кои ги плаќаат фирмите, данокот на имот и други такси и даноци.

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?