Македонија2025 отвора врати кон светот: Два повика за идните лидери за стипендии за извршно образование во 2026 година
Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2025 09:30
Македонија2025 ве информира за два активни повика за апликации за стипендии за 2026 година, насочени кон менаџери, бизнис лидери и претприемачи од Македонија кои сакаат да го надградат своето знаење и лидерски капацитети преку врвни меѓународни извршни програми.
1. Стипендии за Зафировски програмата за извршно образование на Келог Школата за менаџмент
Преку
поддршката на Фондацијата Робин и Мајк Зафировски и партнерството со Келог
Школата за менаџмент, оваа програма овозможува стипендии за учество во
престижната Програма за развој на извршни менаџери (EDP – Executive
development program) на Универзитетот Нортвестерн во Чикаго, САД.
Програмата е наменета за искусни менаџери и претприемачи кои имаат најмалку 10
години професионално искуство и стремеж за унапредување на својот бизнис и
зајакнување на економскиот развој на Македонија. Кандидатите
учествуваат со сопствено кофинансирање.
Алумни заедницата на Зафировски програмата денес брои неверојатни 52 личности кои со своето знаење и визија веќе го менуваат македонското стопанство.
Дознај повеќе информации за повикот, критериумитеи начинот на аплицирање: ТУКА

2. Стипендии за извршно образование во Канада на Смит Школата за бизнис
Вториот
повик е за доделување на стипендии во соработка со Смит Школата за бизнис на Квинс Универзитетот во Кингстон, Канада.
Кандидатите имаат можност да изберат меѓу двете програми: Лидерство или Стратешко извршување, секоја во времетраење од 5 работни дена во
2026 година.
Програмата е возобновена од минатата година и предизвикува голем интерес кај
македонската бизнис заедница. Таа е наменета за средни и високи менаџери, како
и за успешни претприемачи со најмалку 5 години релевантно искуство.
Македонија2025 покрива две третини од трошоците, додека кандидатите учествуваат со сопствено кофинансирање
Дознај повеќе информации за повикот, критериумитеи начинот на аплицирање: ТУКА
Зошто да аплицирате?
Со овие два повика, Македонија2025 обезбедува уникатна можност за професионален раст, пристап до најсовремени знаења и создавање мрежа со глобални бизнис лидери. Крајната цел е да се зајакнат менаџерските капацитети во Македонија и да се поттикне долгорочен економски развој.
Рокови за аплицирање:
- Зафировски програмата за извршно образование – до 16 октомври 2025
- Програмата за извршно образование во Канада – до 25 октомври 2025
За дополнителни информации може да се обратите на Нена Манчев, програмска менаџерка за програми од областа на лидерство и образование на nena@macedonia2025.com
Македонија2025 останува посветена на градењето генерации лидери кои ќе ја движат нашата земја напред.
Ова е ваша можност- инвестирајте во себе за да ја промениме Македонија заедно!
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





