29 Септември, 2024
0.0310

МАКЕДОНСКА БЕРЗА Прометот преполовен во однос на лани, раздвижување допрва доаѓа?

Објавено во: Анализа 27 Август, 2014

Добивај вести на Viber

На македонската берза во јули се истргувани акции за вкупна сума од 159 милиони денари, од кои 68 милиони денари се блок транскации. Во однос на претходниот месец, прометот на берзта бележи пад за 78,26%. Изминатиот месец најголем раст имаат акциите на Охридска банка за 20,9%, потоа ФЗЦ Куманово за 20% и Макпетрол за 14,5%. Акции со најголем пад се Фрустелко Борец Битола за 32,98%, потоа  РЖ Услуги Скопје за 28,16% и Уни Банка за 24,7%. Во првата половина од годинава на македонската берза е направен вкупен промет од 37,2 милиони евра, а од нив 12,9 милиони евра се блок трансакции. Споредено со истиот период од минатата година прометот на берзата има пад од 54,46%. Инвеститорите  најмногу тргувале во јуни, кога на берзата поминале акции за сума од 11,8 милиони евра или 30% од вкупниот промет. Во јануари биле истргувани 8,8 милиони евра што е 23,66% од вкупниот полугодишен промет. Во март се истргувале акции за 6 милиони евра , што е 16,22% од прометот. Послаб бил прометот во мај кога се истргувани акции за сума од 5,1 милиони евра што е 13,94 % од вкупниот проемт, во февруари имало промет од 2,9 милиони евра или 7% од вкупниот промет и во април имало промет од 2,3 милиони евра што е 6,39% од вкупниот полугодишен промет на берзата. „Прометот на Македонската Берза од класичното тргување со акции во текот на првата половина од годината забележа зголемување од 1,88 % и изнесуваше 1.227.407.326 мкд или 19,9 милиони евра. Прометот кај блок трансакциите имаше драстично зголемување за 321 ,09% во споредба со прометот направен минатата година. Пазарната капитализација на акциите опадна за 16,88%, а главниот индекс МБИ 10 опадна за 6,43%.Најголем промет бил направен во месец јуни 31,89%, па потоа следи месецот јануари 23,66%. Април и Февруари се месеци во кои било направен најмал промет на Македонската Берза, вели за Фактор,  Лазе Камчев од КД Фондови. Според Камчев , во текот на изминатиот период во фокусот на вниманието на инвеститорите беше формирањето ан заедничка компанија помеѓу Македонската, Хрватската и Бугарската Берза преку која електронски ќе се врши преку гранично пренасочување на  налозите за тргување. Овој договор доби поддршка од  Европската Банка за обнова и развој со доделување на грант за финансирање на проектот. На овој начин македонските компании ќе се доближат поблиску до очите на инвеститорите во овие земји, а на тој начин и да се зајакнат локалните пазари на капитал. Најтргувани акции, акции со најголем раст и пад Изминатите шест месеци најмногу се тргуваше со акцијата на Комерцијална банка. Истргувани се 231 007 акции во 1 508 трансакции, а просечната цена на акцијата е 1 907 денари. Со акцијата на Комерцијална банка направен е промет за сума од 7,2 милиони евра Втора на листата најтргувани акции е акцијата на  Алкалоид. Истргувани се 51 248 акции во 953 трансакции, а просечната цена на акцијата изнесуваше 4 459 денаСо акцијата на Алкалоид направен е промет од 3,7 милиони евра. И акцијата на нафтената компанија Макпетрол, се најде меѓу најтргуваните во изминатите шест месеци. Истргувани се акции 5 426 акции во 878 трансакции, со проечна цена од 23 665 денари. Вкупниот промет нсо акцијата на Макпетрол за шест месеци изнесува 2,1 милиони евра. Најголем раст од 139 % имаше акцијата на Агро Куманово Куманово. Односно од 900 денари, колку што изнесуваше на крајот на декември 2013 година, годинава на крајот на јуни достигна цена од 2 152 денари. За шесет месеци, скок на вредноста за 131 % забележа и акцијата на Скопски пазар. Односно наво декември 2013 година се продаваше за цена од 3 200 денари, а сега на крајот на јуни годинава изнесува 7 400 денари.  РЖ Уготир од 5 денари вна крајот на минатата година, достигна цена од 10 денари по акција на крајот на првото полугодие. Раст од 43% за шесет месеци има акцијата на Тутунска банка. Односно од 2300 денари колку шрто се продаваше на карјот на декември лани, сега на крајот на јуни достигна вредност од 3.300 денари. Најголем пад има акцијата на Караорман  и тоа за 82%. Потоа акцијата на Фершпед, со сите внатрешни превирања во компанијата кој започнаа на крајот на минатата гдоина и трае и во оваа година. Па така цената на акцијата од 175 651 денари на крајот на декември лани, сега се на крајот на јуни се продава за цена од 60 000 денари, што е пад за 65%. Пад од 55% има и акцијата на Триглав осигурување, која сега се продава за 3 900 денари. Берзите во регионот се размрдаа Македонскиот берзански иднекс МБИ-10  во првите шест месеци од годинава се намали за 6,4%. Во регионот пак дел од берзите регистрираа значителен пораст на главните индекси во изминатите шест месеци. „Така на пример главниот индекс на Софиската берза SOFIX доживеа пораст од 12,18%, додека индексот на Љубљанската Берза SBI TOP регистрираше пораст од над 28%. Најголемиот дел од овој пораст се должи на политиката на владата за продажба на 16 компании кои се во државана сопственост или во сопственост на државни фондови, вели Камчев од КД Фондови. Според него во фокусот изминатиот период беа и неколку превземања кои се случија во регионот. „Адрис Груп со издадената понуда за превземање на Кроација Осигурување во Хрватска го зголеми уделот од 8,83 на 53,65%. Во тек е понудата за превземање на акции издадена од страна на Агрокор за докупување на 1,7 милиони акции од компанијата Маркатор. Слични активности беа регистрирани и во Србија каде што компанијата МК Гроуп издаде понуда за откуп на 62% од АИК Банка кои беа во сопственост на грчката Piraeus Bank, смета Камчев. Сите тие движења се смета дека придонесоа за префрлување на фокусот на дел од инвеститорите кон регионот и предизвикаа размрдување на Балканските берзи. А позитивни сигнали има и на берзата во САД. "Најголемите берзански индекси во САД во текот на 2014 година, покажуваат пораст. Dow Jones Industrial Average порасна за +75,91%, NASDAQ порасна за 31,25% и S&P500 индексот порасна за 13.84%. Според овие индекси лесно може да се види  како функционира американскиот пазар, и  самото тоа што овие индекси остварија значителен раст, ни покажува дека  овој пазар функционира доста добро и континуираниот раст оваа и изминатата година  даваат доста добри сигнали за движењето на нивната еконимија, вели Никола Димков аналитичар од FX Лидер. Н.С.