Македонска делегација на Самит во Индија
Објавено во: Економија 28 Јануари, 2013 19:51
Македонска делегација учествува на Самитот во Индија што од 26 до 29 јануари се оддржува во Агра во организација на најголемата индиска стопанска комора „CII“, а на кој се присутни претставници на 1.200 компании од Индија и Југоисточна Азија, како и владини претставници од 65 земји од светот.
Самитот се смета за еден од најголемите самити на кој учесниците имаат можност да ги промовираат своите економии и компании, како и да ги унапредат бизнис релациите, инвестициите и трговската размена.
Во македонската делегација, информираат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, се министрите за странски инвестиции и без ресор, Бил Павлевски и Неждет Мустафа, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Технолошко-индустриските развојни зони, Висар Фида и Виктор Мизо, како и економскиот промотор Тони Атанасовски.
- Директорот Фида и економскиот промотор Атанасовски се сретнаа со претставници на неколку индиски компании од областа на инфраструктурата, ИТ, автомобилскиот сектор и секторот туризам, а договорија и соработка со претставниците на Малезискиот институт за Стратешко инвестирање и развој (АСЛИ). Македонската делегација оствари средби и со владини претставници на Индија, ресорни министри, со премиерот на најголемата индиска сојузна држава Утар Прадеш, како и со други владини делегации и претставници на мултинационални корпорации, се вели во соопштението од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





