28 Септември, 2024
0.5593

МАКЕДОНСКА РЕАЛНОСТ: Повеќе разводи, помалку бракови

Објавено во: Анализа 13 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Се зголемува бројот на разводи во Македонија, а паралелно со тоа се намалува бројот на склучени бракови. Лани, во земјава 2 045 парови одлучиле да се разведат. Споредено со 2012 година бројот на разводи е поголем за 119. Ако пак ланскиот број на разводи се спореди со пред шест години ќе се види дека бројот на оние кои одлучиле да се разведат е зголемен за 628 разводи.

 Разведени                         2013 година         2007 година

  • Македонска                                         1 202                     669
  • Албанска                                               521                      394
  • Турска                                                    54                         33
  • Ромска                                                  125                       115
  • Влашка                                                     2                            1
  • Српска                                                     23                        17
  • Бошњачка                                                 26                        13
  • Останато                                                   43                      175
  • Непознато                                                  49                           -
  • Вкупно                                                2 045                     1417
Сепак, анализата на податоците покажува дека Македонија е меѓу земјите кои имаат најниска стапка на разводи заедно со Црна Гора и Ирска, каде стапката на разводи е на ниво од околу 0,9 на 1000 лица. Меѓутоа, бројките покажуват тенденција на зголемување на стапката на разводи. Истовремено, Македонија е меѓу земјите кои имаат највисока стапка на склучени бракови. Односно, во земјава таа стапка изнесува 6,8 на 1000 лица. Убедливо како земја со највисока стапка на склучени бракови е Турција каде стапката изнесува 8 на 1000 лица. Сепак евидентно е дека има тренд на намалување стапка на склучени бракови, речиси кај сите земји. Тенденцијата на намалување на бројот на склучени бракови продолжува и во Македонија. Па така, бројот на склучени бракови минатата година изнесува 13 982, додека во 2007 година вкупниот број на склучени бракови бил 15 490.

Склучени бракови во 2013 година

  • Македонска        7 264
  • Албанска             4 630
  • Турска                      754
  • Ромска                      750
  • Влашка                       26
  • Српска                      109
  • Бошњачка               126
  • Останато                  311
  • Нпеознато                  12
  • Вкупно              13 982
Се зголемува старосната граница за стапување во брак Просечната возраст при склучување на брак во 2013 година за жените изнесувала 25,8 години а за мажите 28,6 години. За разлика од 2012 година има мало нагорно поместување кај старосната граница во однос на склучувањето на бракови. Односно во 2012 година просечната возраст на жените кои стапувале во брак била 25,6 години, а на мажите била 28,6 години. Сепак, ако се анализираат податоците на Државниот завод за статистика ќе се види дека низ годините има поголемо поместување на старосната граница при склучување на браковите. Односно, браковите сè повеќе се склучуваат во подоцнежните години. Па така, во 2004 година  просечната возраст за склучување брак кај жените била 24 години, а кај мажите 27 години. Или тоа значи дека за девет години, старосната граница кај жените кои стапуваат во брак е зголемена за 1,8 години, а кај мажите за 1,6 години.               Просечна возраст за стапување во брак                                   жени                                 мажи
  • 2013 година                       25,8 години                        28,6 години
  • 2004 година                       24 години                           27 години
Женските лица кои се малолетни или се до деветнаесет годишна возраст почесто одлучуваат да стапат во брак во однос на машките. Минатата година на возраст од 15 до 19 години во брак стапиле 1 618 жени и 260 мажи. Мажите и жените, најчесто во брак стапуваат во втората деценија од животот. Лани на возраст од 20 до 24 години во брак стапиле 4 941 жени и 3 210 мажи, а на возраст од 25 до 29 години во брак стапиле 4 312 жени и 5 120 мажи. Бројот на оние кои одлучуваат да стапат во брак во третата или четвртата деценија од животот се намалува, но сепак во тие години поголем е бројот на  мажите кои одлучуваат да стапат во брак отколку на жените. Во 2013 година на возраст од 30 до 34 години во брак стапиле 1 733 жени и 3 018 мажи, на возраст од 35 до 39 години во брак стапиле 640 жени и  1.092 мажи,  на возраст од 40 до 44 години во брак стапиле 304 жени и 552 мажи. На возраст од 45 до 49 години во брак стапиле 210 жени и 289 мажи. Но, има и такви кои во брак стапиле по 50-тата година. Лани, на возраст од 50 до 54 години во брак стапиле 118 жени и 171 мажи.  Додека, постари од 55 години во брак стапиле 106 жени и 270 мажи. Мажите почесто се одлучуваат за трет брак, но и нивниот број се намалува Анализата на податоците покажува дека во споредба со пред шест години има намалување на бројот на склучени бракови. Намалувањето е особено изразено кај оние кои за првпат одлучуваат да стапат во брак. Споредено со пред шест години, се зголемил боројот на жени кои одлучиле  да стапат во втор брак, додека пак кај мажите има намалување. Дополнително, се намалува бројот и на мажи и на жени кои одлучуваат по трет пат да стапат во брак. Сепак, лани три пати бил поголем бројот на мажи кои одлучиле да стапат во трет брак во однос на жените кои донеле таква одлука. Склучени бракови според бракот по ред во 2013 година
  • Прв брак                    12.867 жени  12.613 мажи
  • Втор брак                     1.085 жени    1.276 мажи
  • Трет или повеќе               30 жени          93 мажи
Склучени бракови според бракот по ред во 2007 година
  • Прв брак                    14.388 жени  14.028 мажи
  • Втор брак                     1.057 жени    1.338 мажи
  • Трет или повеќе               45 жени          124 мажи
С.Н.